Месечниот циклус и летувањето: 5 одговори на најважните прашања

Месечниот циклус и летувањето: 5 одговори на најважните прашања

Вие цела година сте го очекувале годишниот одмор и токму на првиот ден ви пристигнал месечниот циклус. Ова е сценарио кое многу жени сигурно барем еднаш го искусиле во својот живот, но тоа не значи дека нивното летување уште во старт е уништено. Погледнете зошто…

Месечниот циклус и летувањето: 5 одговори на најважните прашања

1. Смеете ли да се бањате првите неколку денови од циклусот?

Ако имате уреден циклус и благо крвавење, можете да се бањате уште од првиот ден, но умерено и со тампон. Откако ќе излезете од вода, веднаш сменете го тампонот. Доколку крвавењето ви е обилно, тогаш е препорачливо да почекате ден или два, особено ако се бањате во загреан базен, бидејќи тоа може дополнително да го појача крвавењето.

2. Смеете ли да се сончате за време на менструацијата?

Сончањето во најтоплите делови од денот, како и седењето на жежок песок би требало секогаш да го избегнувате, без разлика дали имате циклус или не. Но, сосема е во ред да се сончате за време на доцните попладневни часови, кога сонцето е најслабо. Сончањето е целосно забрането за оние чувствителни жени со силно и неправилно крвавење. Тие би требало целосно да избегнуваат изложеност на директно сонце.

3. Што треба да направите по завршување на летувањето?

Откако ќе се вратите од море/езеро/река се препорачува употреба на вагинална таблета со пробиотик со цел да се нормализира вагиналната флора. Во случај да се појави обилен исцедок, проследен со чешање, пецкање или непријатна миризба добро би било да посетите гинеколог. Промената на средината може да го наруши циклусот, додека пак бањањето и седењето во мокри бикини би можеле да предизвикаат воспаление, како и габична или бактериска инфекција.

4. Дали е добро да користите метод за одложување на циклусот со цел да имате безгрижно летување?

Во одредени случаи може да се препорача метод за одложување на менструацијата. Кај некои жени кои земаат хормонална орална контрацепција, тоа е многу полесно изводливо, додека пак за природниот месечен циклус потребни се повеќе денови со цел да се одложи почетокот на крвавењето.

5. Може ли водата да биде премногу ладна или топла за бањање во текот на месечниот циклус?

Студената вода општо може да им наштети на женските полови органи, така што ќе предизвика настинка или воспаление во областа на јајниците, активирање болка онаму каде што имало претходни инфекции, како и создавање уринарна инфекција. Од друга страна, топлата вода предизвикува ширење на крвните жили ширум целото тело, вклучувајќи ја и матката, па токму затоа и може да предизвика пообилно крвавење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар