Месечево млеко: Најдобриот лек против несоница и најфотогеничниот пијалак на Инстаграм
Се сеќавате на сите оние вечери кога пред спиење мајка ви или баба ви ќе ви подготвеле чаша топло млеко со лажица мед? Тие ви велеле дека така полесно ќе заспиете, и изгледа имале право. Оваа комбинација со мед и млеко неодамна стана сензација на социјалните мрежи, и денес е позната како месечево млеко.
За да видите колку е распространета ширум целиот свет, пребарајте го хаштагот #moonmilk на Инстаграм. Ќе најдете неколку илјади прекрасни фотографии од чиничиња и шолјички во кои се наоѓа млеко со пастелни бои. Фотографиите ги следат и описи преку кои можеме да почувствуваме колку се луѓето воодушевени од овој рецепт што помага да се ослободиме од несоницата и ни ги враќа хормоните во ред.
За што поточно станува збор?
Овој рецепт доаѓа од ајурведската медицина која се користи веќе стотици години во холистичкиот пристап за лечење на организмот. Магичната мешавина е комбинација од топло кравјо млеко, мед и цимет.
Кравјото млеко содржи аминокиселини и триптофон, и токму тие состојки ги доведуваат нашите хормони во рамнотежа. Медот пак е одличен извор на гликоза и фруктоза, кои му се потребни на нашиот организам за враќање на енергијата. На долг рок тие го подобруваат и имунитетот. Што се однесува до третата состојка, циметот, тој често е нарекува и зачинот на животот бидејќи е преполно со антиоксиданси и ни помага да ги исфрлиме сите несакани нешта од нашиот организам.
Ако ги комбинирате овие три состојки, вие за неколку недели ќе го намалите нивото на кортизолот, хормонот што се лачи во стресни ситуации и ќе го подобрите спиењето.
А ако сакате да добиете боја којашто ќе ги освои социјалните мрежи, тогаш направете го вашето месечево млеко пастелно така што ќе додадете некоја од следниве состојки: екстракт од цвекло, мача во прав или куркума. Најдоброто нешто кај нив е тоа што и тие се здрави за вашето тело.
На пример, куркумата и мачата во прав се сметаат за дел од најздравите зачини во светот, а цвеклото, според ајурведата, е едно од оние зеленчуци што се препорачуваат секојдневно да се јадат, затоа што ја зголемува способноста на крвта да пренесува кислород за 400%!
Месечевото млеко навистина е здраво за вас, додека истовремено ќе ви донесе и многу нови следбеници на Инстаграм! Но, тоа не е единственото што може да ви помогне со несоницата. Сте пробале златно млеко?