Мерил Стрип: Животна мудрост во 6 реченици
Мерил Стрип е холивудска актерка чие име стои како синоним на титулата „Најдобрата актерка на сите времиња“. За нејзиниот успех сведочат многубројните награди во разни категории, меѓу кои се наоѓаат и 3 оскари и 19 номинации. Се вели дека не постои актер кој не ја посакува нејзината кариера, но на што навистина се должат нејзините достигнувања?
Мерил вели дека живее по 6 реченици кои ги нарекува свои животни правила. Кога секој човек би започнал да ги практикува овие нејзини правила, тогаш не само како актер, туку би доживеал успех како личност и би се исполнил со среќа и задоволство – што е всушност и самата цел на животот. Во продолжение, прочитајте ги 6-те животни мудрости на Мерил Стрип кои имаат моќ да ве водат по правиот пат во вашиот живот.
1. Оној кој е задоволен со себе не се споредува со другите.
2. Оној кој не се споредува со другите, не е завидлив.
3. Оној кој не е завидлив, не е огорчен.
4. Оној кој не е огорчен е среќен.
5. Оној кој е среќен знае како да усреќи и некој друг.
6. Оној кој себеси и другите покрај себе ги усреќува, не барајќи ништо за возврат, ја открил смислата на животот.