Менемен – идеален избор за појадок

Менемен – идеален избор за појадок

Менемен е традиционално турско јадење од домати и пиперки чиј вкус може да биде збогатен со сирење или суџук. Честопати се приготвува за појадок, а ако се подготвува за ручек, се додава кромид.

Менемен - идеален избор за појадок

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 парче корен од ѓумбир
  • 4 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 2 поголеми домати
  • ½ чаша сос од домати
  • ½ лута пиперка
  • ½ пиперка
  • 2 лажички мелен пипер
  • ½ лажичка оригано
  • сол, бибер, маслиново масло, власец

Начин на подготовка:

1. Излупете ги доматите.

2. Загрејте го маслото во тавата, додадете ги лукот и ѓумбирот и мешајте сè додека не омекнат, а потоа додадете го кромидот. По неколку минути додадете ги пиперките.

3. Додадете ги доматите, оставете ја смесата да се пржи околу две минути, а потоа додадете го доматното пире и зачините освен власецот.

4. Кога ќе се сварат доматите, скршете ги јајцата едно по едно и по десет секунди измешајте ги во смесата. Послужете со власец. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за менамен, можеби ќе сакате да прочитате и друг одличен рецепт за појадок: јајце во лиснато тесто.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар