Мелениот црвен пипер прави чуда во нашето тело: Еве 7 причини зошто треба да го јадете што е можно почесто
Мелениот црвен пипер е честа состојка во нашата исхрана. Сите сметаме дека станува збор за обичен зачин, но се покажало дека тој е и неверојатно здрав. Тој е одличен борец против високиот холестерол, шеќерот во крвта, анемијата. Одлично е што го консумираме многу во зима, во чорби, манџи, сосови.
Лутиот или благ, мелен црвен пипер е неопходен зачин во речиси секоја кујна. Особено сега, додека е зима и јадеме повеќе чорбести јадења.
Кога ќе откриете колку оваа состојка е здрава, почесто ќе сакате да ја јадете. Пиперот може лесно да се додаде и во други јадења: разни намази (со сирење, наут, модар патлиџан), супи, салати… И ќе ви го збогати оброкот затоа што е богат не само со антиоксиданси, туку и со витамини и минерали.
1. Пиперот е со корисни хранливи материи
Има само 19 калории во само една лажица мелен црвен пипер (или 6 грама) и задоволува дури 13% од дневната потреба од витамин А, Е, Б6 и железо! Пиперот е, исто така, полн со антиоксиданси како: бета-каротин, капсантин, заксантин и лутеин, кои се активни борци против срцеви заболувања, а овој зачин ја подобрува и циркулацијата и помага во борбата против карциномот, меѓу другото.
2. Зачинот е добар и за здравјето на очите
Црвениот пипер има добар ефект врз здравјето на очите, намалувајќи го ризикот од добивање катаракта и дегенерација на макуларната дамка, што е поврзано со стареењето. Во една студија, жените кои земале додатоци кои содржат лутеин и заксантин во 32% од случаите имале намален ризик од добивање катаракта.
3. Ги намалува воспалителните процеси
Некои видови пипер, особено оние што се лути и содржат капсантин, имаат добар ефект врз воспалителните процеси и болните состојби, вклучувајќи артритис, оштетување на нервите и дигестивни проблеми.
4. Може да го намали нивото на холестерол во крвта
Состојката капсантин може да го зголеми нивото на добариот холестерол и да го намали нивото на вкупниот холестерол и нивото на лошиот холестерол, што е поврзано со здравјето на срцето.
5. Антиканцерогено дејство
Бета-каротинот, лутеинот и зеаксантинот се покажале како добри борци против оксидативниот стрес, намалувајќи го ризикот од некои видови на рак. Една студија спроведена со 2000 испитанички открила 25-35% помал ризик од карцином на дојка заради внесувањето на овие хранливи материи. Исто така, капсантинот го забавува и растот на веќе развиените малигни клетки.
6. Овој зачин влијае врз нивото на шеќер во крвта
Капсантинот делува на гените поврзани со нивото на шеќер во крвта и ги блокира ензимите кои го разложуваат шеќерот во организмот, а исто така може да ја подобрат и толеранцијата на инсулин. Во четиринеделна студија со 42 бремени жени кои земале 5 мг капсантин дневно, нивото на шеќер во крвта значително се намалило, за разлика од другите кои не го внесувале овој суплемент.
7. „Здрава“ крв
Пиперот е богат со две хранливи материи важни за крвта – железо и витамин Б. Нивниот недостиг може да го намали бројот на црвените крвни зрнца и да предизвика анемија.
Можеби сакате да дознаете и зошто треба да го внесете го овој зачин во исхраната и да гледате како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат.