Претходно
Меки празнични колачиња
Ова е рецепт за меки, шеќерни колачиња кои можете да ги декорирате по ваша желба. Едноставно мора да ги направите за вашите сакани за време на новогодишните и божиќните празници!
Потребни состојки:
- 470 г сенаменско брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- ½ лажичка сол
- 250 г омекнат маргарин
- 300 г бел шеќер
- 2 јајца
- 2 лажички екстракт од ванила
За подготовка и печење на колачињата ќе ви биде потребен половина час (не сметајќи го времето за ладење на тестото).
Начин на подготовка:
- Во длабок сад измешајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Во друг голем сад изматете ги маргаринот и шеќерот додека смесата не стана бледа и пенеста. Во оваа смеса додајте ги јајцата едно по едно, а потоа ставете ја и ванилата. Изматената смеса додајте ја во претходно просеаните суви состојки и месете додека состојките не се спојат целосно. Покријте го тестото и ладете го во фрижидер 2 часа.
- Загрејте ја рерната на 200 ᵒС. Ставете хартија за печење во голем плех. На чиста набрашнета површина од тестото исукајте кора со дебелина од 1 см. Исечете го тестото со помош на форми за колачиња и наредете ги колачињата во плехот.
- Печете од 6 до 8 минути во загреана рерна, или додека рабовите на колачињата не станат кафеави. Извадете ги од плехот и оставете ги на решетка за да се изладат. Потоа украсете ги по желба: со шеќерен прелив и прехранбени бои, со фондан или со растопено чоколадо.
Доколку сакате може да го прочитате и рецептот за крекери со малку масти и без глутен.