Претходно
Мека, сочна и се топи во уста: Пица на брзинка за која тестото се мати со миксер
Домашно подготвената пица е одличен викенд ручек, а најдоброто од сѐ е што на неа можете да ставите што вие најмногу сакате.
Еве како да направите тесто за пица, кое не треба да го месите.
Потребни состојки:
- 500 грама брашно
- 450 мл јогурт
- 2 јајца
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кесичка сода бикарбона
- Малку сол
Начин на подготовка:
- Прво изматете ги јајцата, а потоа додадете ги и останатите состојки. Матете со миксер за да добиете тесто малку погусто отколку за правење палачинки.
- На тавата во којашто ќе ја печете пицата ставете малку брашно и масло, пред да го поставите тестото. За да го распоредите тестото на тавата, развлекaувајте го со лажица претходно потопена со врела вода.
- Наредете ги омилените состојки одозгора и печете додека тестото не ја добие посакуваната боја.
Погледнете го и ова идеално решение за вкусна вечера: Лесна, летна пица од тортиља.