Мејкап туторијал за совршен изглед на интервју за работа

Мејкап туторијал за совршен изглед на интервју за работа

Мејкап артистката Џиџи Шејкер ни покажува што точно е потребно за совршениот изглед на интервју за работа кој истовремено ќе направи да изгледате и прекрасно и професионално. За овој изглед потребни ви се течна пудра, бронзена сенка за очи со сјај, светло розово руменило, маскара и розов кармин за усни.

Мејкап туторијал за совршен изглед на интервју за работа

1. Подгответе ја вашата кожа. Прво исчистете ја и хидрирајте ја за да можете да започнете со свежа палета. Потоа со помош на вашите прсти, нанесете малку пудра која е со приближно иста боја на тонот на вашата кожа.

2. Додадете бронзено-маслинеста сенка за очи на вашите капаци. Полека нанесувајте ја така што ќе го разнесете сјајот подеднакво низ целите очни капаци, а потоа израмнете ја на рабовите од вашите очи.

3. Стоплете ги вашите образи со помош на светло розовото руменило. Со четка нанесувајте го од јаболчниците кон нанадвор за да добиете најдобар ефект.

4. Завршете со суптилен розов кармин за усни. За интервјуто, додајте им забавна боја на вашите усни, но направете го тоа едноставно. Одберете мат боја која само малку се разликува од бојата на вашите усни. Најпрво исцртајте ги по краевите, а потоа пополнете ги целосно.

5. За крај, не заборавајте на маскарата која ќе ви ги истакне очите. Со среќа на интервјуто, се надеваме дека ќе ја добиете работата!

Мејкап туторијал за совршен изглед на интервју за работа

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар