Мејкап трикови кои ќе направат да не изгледате поспано од сабајле
Понекогаш без разлика на тоа колку време спиеме (или не спиеме) се будиме со уморни очи и огромни темни кругови под нив. Доколку го имате овој проблем наутро, погледнете ги наредниве неколку трикови и совети кои ќе направат да изгледате будно и расонето за само неколку минути.
Камуфлажа со хајлајтер – Колку и да сакаме да веруваме дека коректорот е „Светиот Грал“ во шминкањето, понекогаш и тој има потреба од мала помош. Додадете светол хајлајтер под вашите очи, врз коректорот, за навистина да ги скриете темните кругови.
Користете бела сенка за очи – Со помош на белата и светла сенка на внатрешните агли од вашите очи вие инстантно ќе направите да изгледате побудно. Доколку страдате од сериозна инсомнија, послушајте го советот на Дијана Агрон. Покрај аглите на очите, нанесете светла боја и на капакот, веднаш над трепките.
Обликувајте ги вашите веѓи во форма на лак – На овој начин ќе го оттргнете вниманието од вашите очи и ќе го насочите кон вашите веѓи. Со помош на моливче за веѓи или темна сенка за очи пополнете ги веѓите со нежни движења. Завршете така што ќе ги поминете нанадвор и нагоре со четка за веѓи за да можете да им дадете поприроден изглед.
Виткајте ги вашите трепки – Овој трик можеби ви звучи едноставно, но многу често е занемарен. Виткањето на трепките пред да ја нанесете маскарата ги прави подолги, пополни и најважно од сѐ, прави вашите очи да изгледаат поголеми и поотворени. Во процесот на виткањето обидете се да ги внесете сите трепки во близина на коренот во направата и притиснете со лесно пулсирање. Потоа свртете го виткачот обратно и притиснете уште еднаш. Продолжувајќи со пулсирањето, поместете ја направата за виткање трепки нагоре од коренот кон нивниот врв. За само неколку секунди вие ќе имате прекрасни и долги трепки.
Продолжете ја вашата сенка за очи нагоре – Сакате да носите посуптилна боја? Изберете ја вашата омилена нијанса, но кога ќе ја нанесувате, продолжете ја линијата нагоре и нанадвор кон страните на вашето лице. Ова инстантно ќе ги подигне вашите очи и со тоа ќе направи да изгледате побудно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.