Механизми на мозокот што можат да ја саботираат вашата кариера
Погрешниот начин на доаѓање до заклучоци или когнитивната пристрасност е начин на кој мозокот ги обработува информациите и брзо донесува одлуки, но во исто време го спречува развојот на вашата кариера. Поради тоа, луѓето имаат тенденција да работат или да веруваат во нешто само затоа што останатите го прават тоа. Овој подмолен механизам е најочигледен на состаноците – на колегите им е полесно да се сложат со идеите што не ги разбираат отколку да се распрашуваат. Сепак, знаењето е најдоброто оружје за да му се спротивставите на овој ефект, па затоа подгответе се пред состанокот за да можете рамноправно да учествувате во дискусиите.
1. Мозокот самоволно филтрира сè што ќе слушнете на работа
Афирмативната пристрасност е филтер што ги предизвикува луѓето да ги слушнат сите нови информации за да ги потврдат своите претходни верувања. За да бидете успешни, првиот чекор е да се освестите. При решавање на проблемите, запрашајте се дали сте го разгледале проблемот од сите страни или сте пристрасни.
2. Извадете ја главата од песокот, секој проблем има решение
Ефектот на ној е свесно игнорирање на лошата состојба. Иако тоа ви помага да се справите со стресот, на долг рок тоа сигурно ќе ве повреди и ќе ви наштети. Затоа, извадете ја главата од песокот, признајте си дека сте погрешиле, идентификувајте ги проблеми и почнете да барате решение. Само тогаш овој ефект целосно ќе исчезне.
3. Забележување на потребното време за извршување на задачите ќе ви заштеди нерви
Заблудата при планирањето е најочигледна кај луѓето што водат кампањи. Поради склоноста погрешно да го проценат времето потребно за да се изврши некоја задача, многумина прво се несериозни, а потоа паничат кога роковите ќе ги притиснат. За да ги спречите паничните напади, запишете колку време ќе ви биде потребно уште пред да започнете со проектот. Кога ќе завршите, запишете колку време навистина ви било потребно. Повторувајте го истиот процес за подобро да управувате со вашето време.
Прочитајте кои видови луѓе не можат да напредуваат на работното место.