Меѓуетничките пријателства се многу корисни за младите

Меѓуетничките пријателства се многу корисни за младите

И покрај добро познатата бесмисленост на етничката, верската и сите други видови нетолеранција кои може да се замислат, овој апсурден проблем сè уште е широко распространет. Сепак, за разлика од владејачката состојба, науката покажува дека пријателствата меѓу припадници на различни етнички заедници се многу пожелни поради тоа што носат корист за младиот човек.

Меѓуетничките пријателства се многу корисни за младите

„Национализмот е детска болест. Тоа се сипаниците на човештвото.“ – Алберт Ајнштајн

Професорот Анке Муниксма од Универзитетот во Гронинхен, Холандија, во своето докторско истражување барала одговор на прашањето дали средношколците во мултиетнички средини се чувствуваат безбедно или дискриминирано. Резултатите откриле дека децата кои негувале пријателства со другари од друга етничка заедница се чувствуваат побезбедно и помалку се плашат од агресија или заплашување во училиштето, за разлика од оние деца кои се дружеле само со ним сличните.

Исто така, се покажало дека чувството на сигурност било поизразено кај децата од малцинската етничка група кои имале поголем број пријатели од друга националност. Тоа за Муниксма е показател дека во ситуација кога децата од малцинствата можат полесно да склопуваат пријателства со оние од мнозинската група, тоа кај нив го намалува чувството дека се жртви по каква било линија. За жал, истражувањето не дало резултати дали истото важи и за мнозинската група, затоа што тоа не било предмет на истражување.

Сè на сè, оваа студија покажува дека совладувањето на меѓуетничките пречки во раната адолесценција носи корист за самите деца.

„Етничката разноликост може да се искористи за создавање другарства меѓу деца од различни етнички заедници, па барем дел од децата во училиштата во големите урбани средини ќе имаат корист од тоа,“ додава Анке Муниксма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар