Медени триаголници: Посни питички со крем од ванила
Сочен и вкусен десерт за посните денови
Потребни состојки:
- Тенки кори за баклава
- 2 пакувања пудинг од ванила
- 2 лажички шеќер за прелив
- 1 лажица меда
- 50 грама суво грозје
- Масло
- Ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Подгответе го пудингот на начинот на кој е наведен на пакувањето. Додајте шеќер по желба, едно пакување ванилин шеќер и сувото грозје. Оставете да се олади, но покријте го со капаче за да не фати кора одозгора.
Намачкајте ја кората со масло, преклопете ја и повторно намачкајте со масло. Преклопете ја уште еднаш и од краевите додајте полна лажица пудинг со суво грозје.
Свиткајте ги питите во облик на триаголници и наредете ги во тава. Намачкајте со масло одозгора и печете на 200 степени околу 30-тина минути.
Ако сакате да го збогатите вкусот со меден сируп, во мало тенџере ставете 2 лажички шеќер, 1 лажица мед и 200 милилитри вода. Варете додека не забележите густи бели меурчиња.
Уживајте!
Пробајте го и овој посен колач од јаболка и ореви.