Медена облога – Лек кој ја смирува силната кашлица за една вечер!

Медена облога – Лек кој ја смирува силната кашлица за една вечер!

Во основата на ова лекување на кашлицата лежи природна метода, која уште одамна се користи за лечење на респираторниот систем.

Медот поседува висока биолошка активност, па со помош на облога има моќ да го исфрли шлајмот кој е пропратен со силни напади на кашлица.

0-medena-obloga-lek-koj-ja-smiruva-silnata-kashlica-za-edna-vecher-kafepauza.mk

Методот со облога на база на мед е одлично средство за елиминирање на кашлицата, буквално за една ноќ. Се препорачува за деца, но и за возрасни.

Потребни состојки и материјали:
  • Мед
  • Брашно
  • Растително масло
  • Газа
  • Салфетка
  • Фластер
Начин на подготовка:
  1. Измешајте брашно со мала количина мед за да ја добиете смесата за облогата.
  2. Смесата не треба да се лепи за раце. Можете да додадете и малку масло и повторно да ја извалкате смесата во брашно.
  3. Ставете ја смесата на салфетка и замотајте ја во газа.
  4. Прицврстете ја на градите или на грбот со помош на фластер. Потоа облечете го детето во пижами.

1-medena-obloga-lek-koj-ja-smiruva-silnata-kashlica-za-edna-vecher-kafepauza.mk 2-medena-obloga-lek-koj-ja-smiruva-silnata-kashlica-za-edna-vecher-kafepauza.mk

Напомена: Внимавајте да не ја ставате облогата во делот кај срцето.

Оставете облогата да делува 2-3 часа, најдобро додека детето спие, а возрасните можат да ја држат цела ноќ. За дополнителен ефект, кај возрасните можете да додадете и малку сенф во прав.

За ова време се случува активно потење, па постелнината може да постане мокра. Затоа на чаршавот на кој спиете ставете уште некоја заштита.

Ваквите медени облоги имаат добро антиинфламаторно дејство и благ ефект на загревање. Видливи пзнати резултати ќе се јават во почетниот стадиум на болеста, која поминува без компликации.

Третманот можете да го повторувате неколку дена по ред, но уште после првата вечер се чувствува значително подобрување.

Кога смее да се користи медената облога?
  1. При кашлање, медените облоги може да се применуваат за деца постари од 6 месеци.
  2. Детето не смее да има кожна болест или повреди на кожата.
  3. Треба да обрнете внимание и детето да нема алергија на пчелни производи. Ќе проверите така што ќе ставите мала количина мед на телото на детето. Ако се појави црвенило или оток, значи дека постои алергиска реакција, и во овој случај медените облоги би биле контраиндикативни.
  4. Исто така се не препорачува доколку температурата на детето е повисока од 37 степени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар