Мед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организам

Мед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организам

Сигурно ви е познато дека медот и лукот се многу здрави, но ќе се изненадите што сѐ може да направи нивната комбинација. Овие познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лечат многу заболувања, па затоа со причина се нарекувани и како природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што имаат голема моќ да го зајакнат вашиот имунитет.

Мед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организам

За овој рецепт потребно е да исечете 2 до 3 чешниња лук и да ги ставите во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои сѐ додека состојките не се соединат. Доволно е да консумирате една лажичка од овој лек секој ден, 7 дена по ред, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа комбинација.

1. Го зајакнува имунитетот

Комбинацијата на мед и лук го зајакнува вашиот имунитет и ви помага да се борите против одредени болести, како и да ги спречите заразувањата.

2. Го штити срцето

Оваа комбинација ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар.

3. Го лекува воспалението на грлото

Медот и лукот имаат благотворно дејство на воспаленијата, па затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото.

4. Помага при дијареја

Со помош на оваа комбинација можете да го зајакнете дигестивниот систем и да ги отстраните инфекциите. На овој начин ќе ги решите и проблемите со дијарејата.

Мед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организам

5. Помага при сува кашлица

Медот и лукот се одлични за сува кашлица. Оваа комбинација го разводнува секретот и го отстранува воспалението. Исто важи и за синусите.

6. Помага при габични инфекции

Габите може да нападнат различен дел од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска бомба, која се покажала ефикасна и во овој случај. Најдобро е ова да го користите превентивно, со цел да ги спречите можностите од каква било инфекција.

7. Врши детоксикација

Комбинацијата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам. Користејќи го овој лек, вие му давате на организмот втора шанса, затоа што медот и лукот го ослободуваат телото од сите отрови коишто претходно сте ги внеле. Исто така овој природен лек е добар и за стабилизација на холестеролот во крвта, а помага и во борбата со вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар