Мазна кожа на плажа: Пробајте го вкусното смуди против целулит!

Мазна кожа на плажа: Пробајте го вкусното смуди против целулит!

Борбата со целулитот не е ни малку едноставна. Важно е да го нападнете со сите сили, што подразбира комбинација од соодветни вежби, креми, внесување течности и секако, обрнување внимание на исхраната.

1-mazna-kozha-na-plazha-probajte-go-vkusnoto-smudi-protiv-celulit-kafepauza.mk

За да ви помогнеме да ги намалите непосакуваните дупки на кожата на бедрата и задникот, ви препорачуваме некое време појадокот да го замените со ова вкусно и хранливо антицелулитно смуди.

Потребни состојки:
  • Вода
  • Шака спанаќ
  • ½ банана
  • ½ портокал
  • Неколку крукчиња ананас
  • Малку цимет
Зошто баш овие состојки?

Спанаќот е одличен извор на железо и растителни влакна. Го подобрува варењето на храната и помага во исфрлањето на штетните материи од организмот.

Портокалот е богат со вода, витамин Ц, растителни влакна и антиоксиданси, па затоа е добар за сјај на кожата.

Ананасот има диуретски својства, помага во борбата против задржување на течностите во телото и содржи антиоксиданси заради кои кожата изгледа здраво и затегнато.

Бананата е полна со калиум и е многу добар извор на витаминот Б6, како и на диететски влакна, витамин Ц и манган. Исто така помага за ослободување на задржаните течности од телото.

Циметот ја стимулира циркулацијата, а добро е познато дека целулитот најчесто настанува токму заради проблемите со циркулацијата.

Водата е исклучително важна во борбата со целулитот бидејќи ги исфрла штетните материи и насобраните течности од организмот.

2-mazna-kozha-na-plazha-probajte-go-vkusnoto-smudi-protiv-celulit-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар