Мажите признаваат: 14 најголеми несигурности на првиот состанок

Мажите признаваат: 14 најголеми несигурности на првиот состанок

Подготвувајќи се 2 часа (или повеќе) за првиот состанок, девојките сигурно би помислиле дека се единствената страна која се носи со толку грижи кога станува збор за состаноците. Но, и момците имаат прилично многу несигурности, што е сосем нормално. Еве што откриваат припадниците на погрубиот пол. Ова се најчестите несигурности пред и за време на љубовните состаноци.

Мажите признаваат: 14 најголеми несигурности на првиот состанок

1. Тоа што не е во своето најдобро издание. И мажите се грижат и чувствуваат несигурност за својот надворешен изглед. Како да ѝ објасни на девојката дека неговата коса обично изгледа многу подобро од ова? Или дека изгледа навистина секси со само малку потпорасната брада, но морал да ја избричи целосно бидејќи била порасната повеќе?

Мажите признаваат: 14 најголеми несигурности на првиот состанок

2. Тоа што не ја испеглале својата кошула доволно добро и изгледаат навистина неуредно. Се надеваат дека девојката нема да го забележи тоа иако знаат дека мали се шансите да не забележи, бидејќи се уверени дека девојките забележуваат секакви ситници, особено уредноста. Останува да се надеваат дека осветлувањето во ресторанот ќе биде лошо.

3. Страв дека девојката со која излегува е надвор од негов ранг. Ако таа почне да раскажува како докторирала во друга земја или едно време се занимавала со манекенство, расте тој страв дека не може да се мери со мажите со кои обично таа излегува.

4. Страв дека ресторанот може да биде многу поскап од она што очекувале или дека девојката ќе си земе за слобода да порача навистина скапо вино.

5. Страв од тој незгоден момент кога двајцата потонуваат во чудна и неподнослива тишина или кога сфаќа дека навистина и немаат нешто многу заедничко.

6. Може да испадне дека воопшто не си се допаѓаат, дури и си контрираат за многу важни прашања. Што ако не се согласат буквално за ништо? Што ако нема за што да зборуваат бидејќи начнувањето на која било тема изгледа како темпирање бомба?

Мажите признаваат: 14 најголеми несигурности на првиот состанок

7. Незнаењето дали однесувањето како џентлмени е привлечно или одбивно. До кој степен да бидам џентлмен? Дали отворањето на вратата од кола е стар трик кој ќе ѝ изгледа глупаво?

8. Што ако каже некоја непристојна шега, шега на која девојката нема да се насмее или ќе испадне дека шегата била навредлива за неа или за некои нејзини сфаќања?

9. Дали да пие и колку да пие? Да не пие воопшто нема да ја има храброста што ја даваат неколку чашки, но и врзувањето на јазикот што дава лоша слика за нив… комплицирано.

Мажите признаваат: 14 најголеми несигурности на првиот состанок

10. Кога да пристигнат на состанокот? Не смеат да доцнат но колку порано да стигнат за да не изгледаат како губитници кои биле откачени на љубовен состанок?

11. Кога имаат нешто заглавено во забите. Се обидуваат да се сконцентрираат на она што девојката го зборува но истовремено да го извадат она што им се заглавило.

12. Колку прашања да постават, до која граница на интимни и лични прашања би оделе? Дали да излажат или макар малку да ја извртат вистината знаејќи дека не можат да бидат сосем искрени и свои.

13. Што ако таа е девојката од нивните соништа но тие зафркнат нешто непоправливо многу?

14. И секако, како да го завршат состанокот? Секако дека ќе пробаат да ја бакнат, но како? И како да прашаат дали вечерта би ја направиле поинтересна и пожешка без да ја навредат девојката или да добијат ужасно болна корпа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар