Мажите откриваат зошто мастурбираат и кога се во врска
Што всушност претставува мастурбацијата за некои мажи? Дали е само потреба кога се во врска на далечина или самозадоволувањето е нешто исклучиво за самци? Всушност, не важи ни едното ни другото. Погледнете што имаат да кажат неколку мажи во врска со мастурбацијата додека се во врска.
„Не мастурбирам бидејќи партнерката не ме задоволува сексуално или нешто слично. Тоа е едноставно нешто што го правам. Тоа е нешто што сум го правел отсекогаш. Не размислувам премногу за тоа. Чувството е добро и ме опушта. Тоа е сè што имам да кажам за таа тема.“
„Јас и мојата девојка понекогаш мастурбираме еден пред друг. Мислам дека тоа повеќе ја возбудува неа отколку мене, бидејќи таа ми го предложи. Ако никогаш не сте го пробале ова, би требало.“
„Често патувам деловно. Понекогаш на недела или подолго. Мастурбирам и кога сум сам дома бидејќи сметам дека е добро за мене. Мојата сопруга и јас сме 8 години заедно, а 5 во брак. Немаме секс секој ден, но сакам одвреме-навреме да доживеам оргазам.“
„Сметам дека самозадоволувањето ми помага да станам подобар љубовник. Тоа е причината зошто го правам кога сум во врска. Кога неколку денови немам оргазам, станувам многу чувствителен и брзо свршувам. Ако редовно имам оргазми, тоа ми помага подолго да издржам за време на секс.“
„Мојата сопруга е бремена, па немаме секс толку често како порано. Не можам да речам дека воопшто немаме секс, но сепак го имаме помалку. Мислам дека тоа е нормално. Па, понекогаш мастурбирам.“
„Да бидам искрен, понекогаш мастурбирам бидејќи ми е здодевно. Тоа се случува и кога сум во врска и кога сум сам.“
Воглавно, со самозадоволувањето го истражуваме нашето тело и можеме да откриеме што ни се допаѓа, а што не. Па, дозволете му на партнерот да го прави тоа. Доколку вашата врска не е во опасност и партнерот не е зависен, секој може да ужива во својата слобода во врската. А според едно од мислењата, и заедничкото мастурбирање може да биде забавно и возбудливо, па зошто да не пробате?
Знаете ли што ќе се случи ако престанете да мастурбирате?