Мажите откриваат: 10 нешта што ги обожуваат на женското лице

Мажите откриваат: 10 нешта што ги обожуваат на женското лице

Девојките честопати мислат дека оние девојки кои изгледаат атрактивно, носат секси облека и имаат агресивен став се токму оние кои му се допаѓаат на посилниот пол. Па драги дами, грешите. Момците собраа сили и признаа што најмногу им се допаѓа кај девојките. Верувале или не, станува збор за вашето лице. Погледнете што одговорија мажите на прашањето што најмногу им се допаѓа кај женскиот лик.

0-mazhite-otkrivaat-10-neshta-shto-gi-obozhuvaat-na-zhenskoto-lice-kafepauza.mk

1. Кога ќе ме погледне, а јас нежно ѝ ја тргам косата

Иако е можеби малку хиперболизирано, сепак тоа е романтичен начин за поздравување и разделување после бурна и долга ноќ. Ние тоа го правиме природно и спонтано – така сме програмирани. Поместувањето на немирниот прамен коса значи „мило ми е што имам девојка и уживам во ваквите мигови со неа.“

2. Кога поради сончевите зраци ќе ѝ се појават пеги на лицето

Некои луѓе сметаат дека пегите се чудни и грди, но тоа најчесто се самокритични луѓе кои и самите имаат пеги. Сите останати луѓе ги сакаат. Тоа е исто како со кадравата коса – луѓето кои ја имаат сакаат права коса, а сите останати им завидуваат на прекрасните локни.

3. Кога несвесно се гризе за усните додека чита книга

Тоа е толку секси. Всушност ова е една од најсекси нештата што може девојките да ги направат со своето лице. Ако некогаш нѐ забележите како се ѕвериме во вас додека читате книга, тоа е затоа што несвесно ја гризете вашата усна.

4. Кога ме гледа во очи

Можеби е клише, но сите момци сакаат да ги гледаат девојките во очи, особено ако се многу заљубени. Дури, голем број од љубовните песни се напишани токму за женските очи. Зелени, сини, кафеави? Воопшто не е важно. Да се изгуби во нејзиниот длабок поглед е прекрасно искуство за секој маж.

5. Дупки во образите (од смеа)

Ова му го разубавува денот на секое момче. Насмевката и тие прекрасни дупчиња во образите се причина плус зошто ние мажите сме заљубени во ликот на девојките. Очигледно никој не знае зошто ги сакаме тие дупчиња, но мора да признаете дека се преслатки – како на некое мало кутре.

6. Мали набори на челото (од муртење)

Не станува збор за моментите кога чувствуваат лутина или тага, туку кога мистериозно зборуваат за нешто и благо ќе се намуртат – е тоа му е апсолутно преслатко на секој претставник на посилниот пол.

7. Гримасата што ќе ја направи кога е нервозна (макар и по моја вина)

Да, понекогаш намерно ги нервираме девојките, но тоа е затоа што изгледаат неодоливо кога се нервозни и плус прават смешни гримаси.

8. Насмевката кога ќе ме види (особено откако двајцата сме имале лош ден)

Кога ќе помислиме на некој проблем или непријатна ситуација што сме ја имале, забите ни шкрипат и ни се крева притисокот, но кога ќе помислиме на нивната искрена насмевка, сѐ станува многу полесно.

9. Погледот што ќе ми го упати пред да ја бакнам

Тој поглед ниеден збор не може да го опише и тој е причината зошто ние момците сакаме да ги изненадуваме нашите девојки со бакнежи. И тоа по цели денови! Некогаш ова се претвора во забава, а некогаш во романтична, совршено режирана сцена од некој романтичен филм.

10. Благо нагласени образи и јаболчници

Сега сфаќаме зошто сите жени редат руменило на образите. Благо нагласените јаболчници изгледаат преслатко на секоја девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар