Мажите не се толку сексуално задоволни колку жените на почетокот од врската
Нормално е тоа што возбудата за сите нешта во животот се намалува со текот на времето. Кога станува збор за сексот во новата врска сите мислиме дека возбудата е подеднакво голема и кај двајцата партнери. Станува збор за нешто ново, непознато! За жал, имаме лоши вести за дамите. Спротивно на општото верување, момците не се толку возбудени за она што се случува во спалната на почетокот од новата љубовна врска.
Повеќе од 1.000 Американци и 1.000 Европејци одговарале на прашања поврзани со нивното сексуално задоволство и како тоа се менувало со текот на времето. Истражувачите дознале дека мажите и жените се различни кога станува збор за нивното уживање помеѓу чаршафите.
На почетокот од врската, иако 74% од жените биле многу задоволни од сексуалниот живот, мажите не биле толку воодушевени. Само 51% од мажите изјавиле дека се задоволни од сексот во текот на првите 6 месеци од врската. Како што времето минувало, работите тргнале во спротивна насока.
Во периодот помеѓу 6 месеци и 1 година од врската, бројот на сексуално задоволни жени значително се намалил на 47%. Интересно е тоа што во истиот тој период машкото сексуално задоволство се зголемило на 65%. Потоа, жените повторно „пркнале“ малку и 56% од нив изјавиле дека се задоволни од сексуалниот живот по 2 до 3 години врска, најверојатно затоа што нивните партнери конечно научиле како да им овозможат оргазам.
Но, по повеќе од 4 години поминати со некого, и мажите и жените признале дека не се задоволни од тоа како одат работите во спалната. И кај двата пола може да се забележи значителен пад на сексуалното задоволство, со 48% кај жените и 37% кај мажите.
Па, зошто задоволството од сексуалниот живот се намалува со текот на времето? И како може тоа да се смени?
Најголемиот извор на незадоволство е недостатокот на комуникација помеѓу партнерите околу нивните желби и потреби во спалната. Незадоволството е најчесто заедничко, па затоа отворениот разговор е единствениот клуч што може да доведе до прекрасен сексуален живот.
Сексуалното незадоволство кај партнерите во подолга врска може да се јави и како последица од зголемениот број на одговорности со кои мора да се соочат како пар. Малите деца, почетокот на заеднички живот, финансиските проблеми, сето тоа може да доведе до проблеми во спалната.
Вистината е дека вие и вашиот партнер може да сте незадоволни од голем број лични причини. Најважно е да разговарате со саканите за вашите сексуални потреби. Тоа е единствениот начин да дознаете каде грешите.
Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, дознајте која е најголемата грешка за време на сексот која им се случува на сите.