Мажи, погледнете ги овие 16 нешта коишто сте обврзани да ги знаете за жените

Мажи, погледнете ги овие 16 нешта коишто сте обврзани да ги знаете за жените

Еве еден мал поглед во женскиот мозок. За да можете да нè разберете како женски битија, мора да ги знаете елементарните нешта за нас.

Мажи, погледнете ги овие 16 нешта коишто сте обврзани да ги знаете за жените

Мажи, ова се 16 работи што треба да ги знаете во врска со тоа што сакаат жените.

1. Понекогаш плачеме без причина

Тоа е дел од нашата хормонална шминка. Тоа не значи дека нешто сте згрешиле. Всушност, по напорниот ден на работа и обврските коишто нè чекаат дома, и најмалото нешто е доволно за да нè расплаче.

2. Ние сакаме да бидеме ислушани

Едноставно е, ние сакаме да бидеме ислушани. На пример, колешката од работа понекогаш ни оди на нерви. Не знаеме што сме направиле за да ја навредиме, но се чини дека таа упорно бара можност да направи да изгледаме лошо во очите на шефот. Вие не треба да ги поправате нашите проблеми, само ислушајте нè. Потоа, слободно прегрнете нè. Тоа е сè што сакаме.

3. Пајаците може да нè извадат од памет

Иако звучи како клише и смешно, тие ни предизвикуваат морници. Па, ако можете да се ослободите од нив без притоа да правите голема работа од тоа, би било прекрасно. Благодариме.

4. Ние не би сакале да го направиме првиот чекор

Знаеме дека понекогаш е болно, но посигурно се чувствуваме кога вие ќе нè поканите да излеземе. Затоа, ве замолуваме иницијативата да ја преземате вие и да нè оставите надвор од непријатните ситуации.

5. Обожаваме кога ни се јавувате

…за да ни кажете дека сте си поминале прекрасно на нашиот состанок, да зборувате за забавата од минатиот петок, повторно да нè поканите на состанок. Престанете со игрите. Ако се сомневаме дека играте според правилото за јавување по третиот ден од состанокот, тогаш сигурно дека ќе изгубите. Овие правила не се баш најдобри.

6. Ако не сте заинтересирани за нас, кажете ни

Попрво би се справиле со тоа, отколку да го губиме нашето драгоцено време. Покрај тоа, ние имаме биолошки часовник кој ни го затапавува чувството за да можеме да процениме сами. Да, ќе боли кога ќе ни раскинете, но не би сакале да се најдеме во врска од две години, каде што вие уште од стартот сте знаеле дека тоа не води никаде.

7. Големи гестови навистина не се потребни

Големите гестови се убави. Нема да се спротивставиме ако изненадно нè однесете на викенд, ако ни го купите скапото ланче што секогаш сме го забележувале по излозите, или ако ја украсите куќата со рози. Но, вистината е дека ништо од тоа не ни е потребно. Малите нешта се оние што ги сакаме повеќе. Прекрасно е кога во вашиот слободен ден ќе нè поканите на кафе. Верувајте, ќе бидете наградени.

8. Не ја дефинираме врската по големината на прстенот

Факт: повеќето од нас сакаат светкави дијаманти. Но, тоа не значи дека ние тоа и го очекуваме од вас. Ниту пак очекуваме прстен од врска во којашто сме само шест недели. Опуштете се. Ние ќе ве консултираме кога ќе почнеме да фантазираме за нашата заедничка иднина, или пак очигледно ќе препознаете некои знаци.

9. Ги сакаме бебињата, но тоа не значи дека ги брзаме нештата

Повеќето од нас бебињата ги сметаат за прекрасни. Ние не можеме да се справиме со тоа, тоа е наш инстинкт. Но, тоа не значи дека ние сакаме наше бебе токму сега.

10. Не ве споредуваме со претходните момци со коишто сме се состанале

И вие не би требало да нè споредувате со вашите претходни девојки. Ние сме со вас, а не со него. Веќе сте победник.

11. Имаме обичај да анализираме

Добро, ние секогаш анализираме. На пример, после состанокот ако ни кажете дека сте си поминале прекрасно, ние ќе се прашуваме: Дали е тоа вистина? Дали тој звучеше сигурно? Дали треба да предложам нареден состанок? Можеби тој ќе го направи тоа. Можеби ќе се јави утре. Можеби пак воопшто нема да се јави. Можеби никогаш повторно нема да го видам. Што навистина значеа неговите зборови?

12. Ако е можно, би сакале да бидете директни со нас

„Си поминав прекрасно, би можеле да се состанеме повторно наредниот четврток.“ Ваквата ваша изјава би направила вистинско чудо за нас.

13. Го цениме кавалерството

Отворањето на вратите и другите мали кавалерски гестови ги сметаме за прекрасни. Сепак, не заборавајте дека сè можеме да направиме и сами.

14. Сакаме да се чувствуваме женствено, убаво и безбедно

Знаејќи дека можете и дека би сакале, заштитете нè од сè што навистина нè полудува. Всушност, прекрасно е кога знаеме дека вие би можеле да го спасите светот, доколку би сакале.

15. Имаме високо мислење за вас

Навистина. Покажете ни дека и вие се чувствувате исто, дека за вас сме најпрекрасната жена на планетата. Би сакале да знаеме. Тоа го сметаме за доста романтично.

16. Но, ние сè уште можеме да правиме бројни тешки работи

Запаметете го ова, во случај да ви затреба помош!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар