39 начини на флертување што ќе ја освојат секоја жена
Кога поминувате повеќе време заедно, флертувањето станува едно од средствата за комуникација и забава, што ги прави секојдневните активности поинтересни и повозбудливи. Секоја личност различно флертува и различно ги прифаќа флертувањата. Но, постојат неколку начини кои можат да им помогнат на мажите да ја освојат жената што ја посакуваат. Еве ја листата со некои од нив.
1. Ипратете ѝ порака што содржи повеќе од само еден збор.
2. Наместо да коментирате за нејзините нозе, коментирајте за нејзината личност.
3. Допрете ја на некое пријатно место, на пример рамото, па доколку почувствувате дека ѝ одговара, тогаш можете да продолжите.
4. Бидете џентлмен и пружете ѝ рака откако ќе се претставите.
5. Доколку седите додека таа стои во преполн автобус или во бар, понудете ѝ го своето место.
6. Поставете ѝ прашања за неа, но не некои досадни како што е: „Како си помина за викендот?“
7. Покажете самодоверба, таа е од исклучително значење.
8. Гледајте ја во очи додека зборува.
9. Понудете ѝ масажа.
10. Не започнувајте разговор со намера да отидете на состанок.
11. Но, чувствувајте се слободни да кажувате смешни и интересни приказни. Внимавајте да не претерате со шегувањето.
12. Дајте ѝ до знаење дека ви се допаѓаат нејзините селфи фотографии.
13. Прашајте ја кои ТВ серии ги гледа. Ако дознаете дека имате некои заеднички, тогаш ќе имате многу повеќе теми за разговарање.
14. Употребувајте емотикони кога пишувате со неа, за да ѝ дадете до знаење дека флертувате.
15. Не зборувајте за други девојки. Не гледајте во други девојки.
16. Секогаш кога ќе каже нешто негативно за себе, дајте ѝ комплимент.
17. Ако се жали дека сака да го гледа филмот кој уште одамна ѝ се допаѓа, но за кој не се заинтересирани нејзините пријателки, тогаш поканете ја да го гледате заедно.
18. Пишувајте ѝ во различни временски периоди од денот. Ако ѝ пишувате само ноќе, може да ве сфати погрешно. Плус тоа, жените ги обожаваат утринските пораки.
19. Ако ѝ пишувате на апликација за состанување, споменете нешто за нејзината биографија, не за нејзината слика.
20. Не обидувајте се веднаш да го насочите разговорот во сексуална смисла.
21. Понудете ѝ ја својата јакна кога ѝ е ладно.
22. Ставете парфем кој ќе остави трага кога ќе ве гушне.
23. Но, бидете сигурни дека не избрзувате со прегратките.
24. Ако ја поканувате кај вас, претходно исчистете си ја собата, така што ќе оставите впечаток на одговорна личност.
25. Кажете ѝ колку ви одговара нејзиното друштво, па таа нема да има потреба да претпоставува како се чувствувате.
26. Ако имате тетоважа или мускули, носете кошула која ќе ви ги прикажува. Дајте ѝ до знаење колку сте секси.
27. Но, не заборавајте да ѝ покажете и колку сте паметни. Започнете тема со која сте најмногу запознаени и ќе изгледате премногу интелигентни во нејзините очи.
28. Кога седнувате, седнете веднаш до неа, а не спроти неа.
29. Доколку забележите дека некое друго момче гледа во неа, сосема во ред е таа да сфати дека сте љубоморни, но не дозволувајте да ве види изнервирани.
30. Кога имате храна или гума за џвакање со себе, понудете ѝ.
31. Погалете ја, но нежно.
32. Запознајте ја со вашето домашно милениче.
33. Наречете ја со некој сладок прекар, но наместо „срце“, изберете нешто карактеристично за нејзината личност и што не се користи толку често.
34. Кажувајте го тоа што го мислите и мислете го тоа што го кажувате. Не трошете го нејзиното време давајќи ѝ измешани сигнали.
35. Поканете ја на танц.
36. Запаметете неколку навидум бесмислени работи, како што е името на нејзиното милениче или пак нејзината омилена храна.
37. Кога ќе забележи дека гледате во неа, насмевнете ѝ се, за да не се почувствува непријатно.
38. Запознајте ја со вашите пријатели и родители.
39. Кога ќе ѝ предложите да излезете, не поканувајте ја на филм. Наместо тоа, поканете ја на вечера каде што ќе можете да имате нормален разговор.