Маж со 8-годишна ќерка споделува како да станете најдобриот татко
Не е важен бројот на години во вашиот живот, туку квалитетот на животот. Ова станало животното мото на Мајкл Мичел, прекрасен сопруг и грижлив татко, кој има и свој блог. На неговиот блог, Мајкл ги споделува неговите мислења за татковството, како и неколку совети за мажите кои сакаат да бидат најдобрите татковци за нивните ќерки. Во продолжение погледнете 20 од правилата на Мајкл што би требало да ги прифати секој татко.
1. Сакајте ја нејзината мајка. Кога ќе порасне, ќе се вљуби и ќе се венча со некој што ја третира како што вие сте ја третирале мајка ѝ.
2. Сладоледот покрива за многу гревови. Научете го нејзиниот омилен вкус.
3. Ценете го секој момент што го имате заедно. Наскоро, дружењето со нејзиниот татко нема да ѝ биде приоритет. Животот се случува многу брзо. Подобро ценете го додека можете.
4. Кажете ѝ дека е убава. Кажувајте го тоа одново и одново. Некогаш некој анимиран филм или некое списание за убавина ќе се обиде да ја убеди во спротивното.
5. Да ѝ дозволете да ви се качи на рамена е чиста магија. Правете го тоа додека сè уште имате силен грб, а таа е уште малечка.
6. Никогаш не испуштајте го нејзиниот роденден. За 10 години нема да се сеќава каков подарок сте ѝ дале. Ќе се сеќава доколку не сте биле таму.
7. Спасете го денот. Ќе ѝ треба да бидете овде одново и одново во животот. Појавете се кога е потребно.
8. Денес оди на училиште. Утре ќе оди на факултетот. Немојте да трепнувате.
9. Научете да ѝ верувате. Давајте ѝ повеќе слобода како што станува поголема. Таа ќе ги достигне очекувањата што сте ги поставиле за неа.
10. Дајте ѝ до знаење дека секогаш може да се врати дома. Без разлика на сè.
11. Малку нешта во животот се поутешителни за расплакано девојче од раката на нејзиниот татко. Никогаш не заборавајте го ова.
12. Веројатно ќе сака да легне до вас после кошмар. Ова е добро.
13. Некаде помеѓу периодот откако ќе наполни 3 години и нејзиниот 6-ти роденден, таа ќе ве праша да се венчате. Одбијте ја нежно.
14. Дозволете ѝ да се валка во тревата. Тоа е добро за нејзината душа. Не е лошо ни за вашата.
15. Ако мајка ѝ ја запише на часови по пливање, и вие влезете во базенот. Не срамете се од тоа ако нема други татковци внатре. Тоа е нивна загуба.
16. Научете ја како да менува гума. Осигурете се дека сепак ќе ви се јави вам кога прв пат ќе треба да ја смени.
17. Танцувајте со неа. Започнете кога е мало девојче, па дури и бебе. Не чекајте го денот на нејзината венчавка.
18. Купете ѝ исти патики како вашите веднаш штом ќе почне да оди. Нема секогаш да сака да носи исти чевли со татко ѝ.
19. Се разбира дека изгледате смешно кога играте разни игри со неа, но играјте без разлика на тоа
20. Секогаш бидете овде. Дружете се само затоа што сакате да бидете заедно. Немојте само да седите додека таа додава години на нејзиниот живот… додајте живот на нејзините години.
Погледнете и зошто врската помеѓу татко и ќерка е нераскинлива.