Маслото од ова растение ја хидрира кожата, го спречува стареењето и штити од УВ-зрачењето
Ако сте заинтересирани за нега на вашата кожа на природен начин, сигурно сте забележале дека една состојка често се појавува во составот на растителните препарати.
Тоа е маслото од шипка. Ова масло има магични својства кога станува збор за отстранување на акните и на разни воспаленија од лицето, а во продолжение прочитајте зошто треба да се најде на списокот на производи за нега на лице и тело.
Маслото од шипка е направено од плодовите на растението шипка и е богато со антиоксиданти, витамини А, Ц и Е, како и фенолни соединенија и масни киселини што помагаат во обновување и подмладување на кожата. А, еве кои се придобивките од користењето масло од шипка:
Дејствува како хидратантно средство
Одржувањето на кожата хидрирана, но не и мрсна, може да биде доста тешко. Во тој поглед, маслото од шипка прави многу добра работа. Содржи многу минерали и есенцијални масни киселини кои ја задржуваат водата во клетките, така што вашата кожа останува хидрирана подолго време.
Го изедначува тенот
Ако имате проблеми со хиперпигментација, лузни од анки и флеки на лицето, маслото од шипка е совршен додаток на режимот за нега на кожата на лицето. Бидејќи е богато со витамин Ц, многу ефикасно го изедначува тенот на вашата кожа.
Штити од УВ-зраците
Бидејќи содржи многу антиоксиданти, како што се витамините А, Ц и Е, маслото од шипка е вашиот совршен партнер во борбата против штетните УВ-зраци.
Помага против стареење на кожата
Поради големата концентрација на витамин А, маслото од шипка е природно средство за затегнување на кожата и за подмладување. Со редовна употреба на лицето, ја намалува појавата на брчки на најкритичните места.
Ги намалува воспалителните процеси на кожата
За луѓето кои страдаат од егзема и други проблеми кои влијаат на чувствителната кожа, маслото од шипка претставува спас. Ја смирува кожата благодарение на витаминот Е што го содржи. По многу кратко време на употреба, кожата се смирува и е без траги на егзема.
Прочитајте кои се лековитите својства на маслото од црн ким.