Маскарпоне торта со бисквити – лесна за правење, но и за јадење
Оваа освежувачка торта со маскарпоне и бисквити е брза опција кога сакате нешто слатко и не мора да чекате премногу долго за да ја направите.
Потребни состојки:
- 300 грама интегрални бисквити
- 125 грама путер
- 150 грама чоколадо за готвење
- 300 грама маскарпоне
- 300 милилитри слатка павлака
- 40 грама шеќер во прав
- екстракт од ванила
- 15 чоколадни орео колачиња
- рендано чоколадо за декорирање
Начин на подготовка:
Измешајте ги мелените бисквити и стопениот путер. Обложете калап за торта со хартија за печење и ставете ја смесата. Растопете го чоколадото за готвење на пареа, прелијте ја смесата и ставете ја во фрижидер додека не стврдне.
Измешајте ја павлаката, додајте ги маскарпонето, шеќерот во прав, екстрактот од ванила, десетина сечкани орео колачиња и измешајте. Истурете го кремот врз основата и ставете ја тортата во фрижидер 3 часа. Потоа, извадете ја од калапот, отстранете ја хартијата и украсете со рендано чоколадо и со преостанатите орео колачиња.
Погледнете како да направите сладок тост со рикота сирење и банана за идеален почеток на денот.