Претходно
Маска за суви раце од компири со којашто ќе ја победите непријатноста од ниските температури
Испуканите раце знаат да бидат голем проблем во есенските и зимски денови
Потребни состојки:
- 1-2 големи компири
- 2 лажички кисел јогурт
- 2 лажички масло од бадем
- 1 лажичка кисела павлака
- 1 лажичка сок од лимон
- 1 лажичка мед
Начин на подготовка и употреба:
Сварете ги компирите, а потоа излупете ги и матете сè додека не добиете пире. Префрлете во длабок сад и додајте ги сите останати состојки. Мешајте сè додека не добиете хомогена смеса.
Нанесете ја топлата маска на испуканите раце, прекријте ја со пластична фолија или кеса и оставете ја да дејствува 15-тина минути. Потоа измијте ги дланките со млада вода. Резултатите се скоро инстантно видливи.