Масимо Дути, колекција за жени, октомври, 2013
Автор: Ема Јакимовска
Massimo Dutti е компанија во состав на Spanish Inditex Group – најголема шпанска модна групација составена од илјадници компании кои се занимаваат со дизајн, производство и дистрибуција. Како дел од оваа корпорација, Massimo Dutti се занимава со производство на облека. Компанијата е создадена во 1985 година. Иако на почетокот се занимавала единствено со производство на машка облека, денес нуди и женска колекција, колекција за деца и линија на парфеми.
Женската колекција на Massimo Dutti, октомври, 2013, е за современи, урбани, деловни и космополитски жени. Присутни се кремасти, сиви, тегет и црни нијанси. Тонот на колекцијата е многу женствен, елегантен и класичен. Палтата и капутите во различни должини даваат опуштен тон на женствените силуети, и совршено се вклопуваат со џемперите и волнените панталони.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.