Машките ролки се враќаат во мода оваа зима
Машките маици и џемпери ролки, повторно се вратија во модната игра после долго време. Одамна беа отфрлени како парче облека на кое ретко кој посака да се врати и покрај тоа што е ретро, елегантно и шик на свој начин. Причината за тоа можеби и не лежи во нивното избегнување, туку во неможноста да се набават, бидејќи ги немаше по продавниците. Но, оваа зима и наредната пролет се одличен период за носење на ова модно парче, кое одлично се комбинира со одело, џинс, капут, кожа, бунда, мантил, спортско сако…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ужасно нешто ми се овие машки ролки. Автоматски го прават помалку атрактивен секој маж!