Машки сендвич

Машки сендвич

Голем, полн и вкусен – таков е овој сендвич…

Машки сендвич

Потребно е:
  • 1/4 главица зелка, ситно сечкана
  • 2 лажички јабоклов оцет
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1/4 лажиче бибер
  • 1 лажиче сол
  • една векна француски багет
  • малку путер
  • 120 г мек кашкавал
  • 220 г печен бифтек, сечен на тенки парчиња
  • 30 г кечап
  • 30 г мајонез
Начин на подготовка:

Зелката зачинете ја со сол и бибер и прелијте ја со оцетот и маслото. Измешајте и оставете да се маринира неколку минути. Векната исечете ја на два еднакви дела и потоа исечете ја на половина. Намачкајте ја со малку путер и ставете да се запече кратко на загреана рингла. Потоа, почнете да го редите сендвичот: ред кашкавал, неколку парчиња тенко исечкан бифтек, малку зелка салата и од горе повторно малку кашкавал. Преклопете го сендвичот и сервирајте го топол со кечап и мајонез.

Машки сендвич

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар