Масажа за подобар секс
Размислувајте за масажата како за секс без пенетрација – вака нѐ подготвува лиценцираниот физиотерапевт од Њујорк Хуан Уроса. Неговите 4 совети за масажа ќе ви помогнат да го/ја возбудите партнерот/ката, но и за да биде сексот подобар и за двајцата.
1. Опуштете ги неговите/нејзините мускули
Подгответе купка во кадата и турете малку есенцијално масло. Купката ќе ги подготви мускулите за масажа, а тоа ќе ви даде и изговор за да го тргнете пешкирот од телото на партнерот/ката.
2. Нека му/ѝ биде удобно
Партнерот/ката нека легне на вашиот кревет со лицето надолу. Омекнете си ги рацете со помош на масло за масажа, а потоа почнете да ги триете неговите/нејзините стапала, не грбот.
Имаме над илјада нервни завршетоци на табаните кои го стимулираат целиот нервен систем. Измасирајте ги двете стапала, а потоа полека прејдете на потколениците, бутовите и продолжете така движејќи се постепено.
3. Имајте ги вистинските потези
Почнете со компресија. Потпрете се и со врвовите на прстите пренесувајте го притисокот на мускулите. Потоа продолжете со кружни движења. За осетливите делови пожелно е да практикувате лесни потези. Едноставно тркалајте ги прстите напред-назад додека ги движите рацете горе-долу по мускулите. Исто така, посебно внимание обрнете на завршетокот на мускулите, особено на делот каде што се спојуваат со коските.
4. Фокусирајте се на одредени зони
Внатрешната страна на бутовите, делот околу карличната коска, задникот и пекторалните мускули се многу осетливи делови. Тие се често запоставени од страна на професионалците. Користете ја техниката на компресија и кружни движења на внатрешната страна на бутовите, задникот и опашката, а со нежни потези масирајте ги градите.