Масажа за лице со лажица: Неверојатни резултати за само 12 дена!

Масажа за лице со лажица: Неверојатни резултати за само 12 дена!

Секоја жена која ќе ја надмине својата 30-та година треба да почне редовно да го негува своето лице со масажи. Како што старееме, така еластичноста на кожата почнува да слабее и поткожното ткиво станува повеќе изразено. Па, доколку сакате да ја сочувате младоста и убавината, тогаш оваа одлична масажа со лажица која ја препорачува козметичарката и докторка, Рене Коч, може да ви помогне да успеете во оваа цел.

masazha-za-lice-so-lazhica-neverojatni-rezultati-za-samo-12-dena-www.kafepauza.mk_

Зошто овој третман е толку ефикасен? Одговорот е многу едноставен. Вие во домашни услови можете од вашите ткива да ги исфрлите вишокот течности, да ја подобрите циркулацијата на крвта, да ја затегнете кожата и да ја подобрите нејзината еластичност, да ги намалите видливите бори и да ја вратите контурата на вашето лице. Без никакви трошоци. За само 10 до 12 дена вие можете да постигнете неверојатни резултати доколку секојдневно ја практикувате оваа масажа.

Техниката за масажа е многу едноставно. Сè што ви треба се две лажици, чаша ладна вода со неколку коцки лед и мал сад со загреано масло по ваша желба (маслиново, бадемово…) или омилената крема за лице. Потоа следете ја постапката по следнава шема:

1. Отстранете ја шминката од лицето, измијте се и нанесете хидратантна крема. Во меѓувреме дезинфицирајте ги лажиците со алкохол и ставете ги во садот со водата и лед.

2. Оладените лажици потпрете ги на горните капаци од очите. Држете неколку секунди, па повторете 5 пати. Топлите лажици менувајте ги со ладни. Истото направете го и со пределот под очите. На овој начин ќе се ослободите од отоците на капаците и темните кругови под очите.

3. Потоа оставете ги лажиците кратко време во загреаното масло или намачкајте ги со вашата крема за лице со цел да можете да ја започнете масажата на лицето. Притискајте нежно по линиите на лицето.

Основни линии за масирање:

(2) Масажа за лице со лажица: Неверојатни резултати за само 12 дена!

  • По челото од горниот дел на носот кон слепоочниците и линијата каде ви расте косата.
  • По капаците со кружни движења од внатрешниот агол, па потоа назад до него.
  • По образите, од носот кој слепоочниците.
  • Од подбрадокот кон слепоочниците.
  • По вратот, од неговиот почеток до подбрадокот.

Секое движење повторувајте го најмалку 10 пати. Кога лажицата ќе почне потешко да се движи на вашето лице, треба повторно да ја премачкате со масло или крема. По масажата измијте го лицето со топла вода. Оптималното времетраење за оваа масажа е 10 минути. Но, почнете со 1 до 2 минути и зголемувајте го времето секојдневно по 1 минута со цел 10-от ден да трае 10 минути.

Оваа масажа можете да ја правите колку што вие сакате, но најдобри резултати ќе добиете доколку ја практикувате во серии по 10, 12 дена без прекин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар