Марта Хант, ангелот на Victoria’s Secret, ги споделува наједноставните совети за беспрекорна кожа

Марта Хант, ангелот на Victoria’s Secret, ги споделува наједноставните совети за беспрекорна кожа

Ангелот на Victoria’s Secret, Марта Хант, ги открива своите дневни рутини за прекрасен изглед. Таа, како и сите останати ангели, секогаш изгледа беспрекорно. Колку што тенот е работа на гените, толку и самите треба да му помогнеме секогаш да биде блескав.

Како вашата кожа да сјае како на модел на Викторијас Сикрет?

Често не е доволно само да посетуваме козметички салони, туку потребно е и да направиме промени во животниот стил и да се негуваме и однадвор однатре, за да може нашата кожа да сјае од здравје и нега. Марта Хант секогаш го чисти своето лице со тоник и задолжително нанесува витамински серум со хијалуронска киселина. Врз серумот може да се нанесе и дневна крема, а при шминкање, за дополнителен сјај, слободно може да се додаде и хајлајтер.

Секако, погрижете се секогаш да внесувате доволно течности, бидејќи вашето тело, вклучително со кожата, треба секогаш да останат хидрирани. Прилагодете ја исхраната така што ќе внесувате доволно хранливи состојки преку свежи продукти. Со правилен начин на надворешна и внатрешна нега на телото, секој може лесно да постигне здрав тен, мека кожа и блескав изглед.

Прочитајте ги и овие 8 тајни за беспрекорна кожа од жените во Азија!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар