Марамчиња за чистење на лицето: Да, но само понекогаш!
Автор: Сара Турановиќ
После бурната ноќ и неколкуте пијачки плус или пак после напорниот ден на работа, се случува да немаме енергија да ја избришеме шминката и темелно да го исчистиме лицето.
Во таквите ситуации го користиме најбрзото решение – марамчиња за чистење на лицето, кои за само неколку секунди ги решаваат сите проблеми со шминката.
Иако марамчињата за бришење на шминката и чистење на лицето се практично и брзо решение, експертите предупредуваат дека не би требало да ги користиме секојдневно, и дека тие може да бидат само вовед во темелното чистење на лицето.
Поголемиот број марамчиња за чистење на лицето содржат хемикалии поради кои успешно можеме да ја отстраниме и најотпорната маскара. Но, она што поголемиот број на жени не го знаат е тоа дека марамчињата ги размачкуваат честичките од шминката по лицето и ја внесуваат во порите, заедно со хемикалиите кои ја „исчистиле“ кожата. Исто така голем број марамчиња за чистење лице содржат алкохол кој ја суши кожата.
Според препораките од дерматолозите, марамчињата треба да ги избегнувате поради нивниот состав, но доколку веќе ги користите, после нивната употреба исчистете го темено лицето со нежно средство за таа намена. Потоа измијте го лицето со млака вода, а на крај нанесете хидратантна крема. Кожата ќе ви биде благодарна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.