Претходно
Манжетни во облик на Фејсбук-опцијата „лајк“
Датум: 30 јул 2012
Коментари: 0
Популарноста на Фејсбук отиде дотаму што палецот нагоре се појави и на манжетни. Ви се допаѓаат, нели? Па, во случајов немате друга опција. 🙂„Лајк“ модните додатоци се изработени од нерѓосувачки челик, со димензи 1,9 x 1,27 сантиметри. Можете да ги нарачате тука, по цена од 9,99 американски долари.За профит или заради забава, не е првпат да се искористи сегмент од социјалните мрежи за изработка на моден додаток, најразлични парчиња облека, патики и што уште не. Досега сите беа одлично прифатени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.