Мантра на денот: Денес, сетете се да дишете

Мантра на денот: Денес, сетете се да дишете

Денес, затворете ги очите и потсетете се дека во ред е тоа што не можете да ја смените секоја можна ситуација и околност во вашиот живот. Кажете си дека работите понекогаш нема да се одвиваат онака како што сакате, но и покрај тоа треба да верувате во вашата сила и смисла за да можете да одите напред, колку и да сте збунети.

Мантра на денот: Денес, сетете се да дишете

Денес, истегнете го и почувствувајте го секој мускул од вашето тело. Издишете ги негативноста и стравот. Бидете нежни и љубезни кон себеси. Борете се, без разлика каков пораз ви чукнал на врата.

Денес, слушајте го биењето на вашето срце и сетете се дека сте тука, дека се движите и се борите, дури и тогаш кога сте уморни.

Денес, научете да простите. Простете си ги грешките што сте ги направиле. Престанете да поставувате недостижни очекувања за себе и за другите и разберете дека животот е несовршен и прекрасен. Запомнете дека успевате да преживеете.

Денес, не заборавајте да бидете трпеливи. Запомнете дека крајните рокови и обврски не мора да ве контролираат и дека не сте жртви на времето што минува. Запомнете дека смеете да забавите, да најдете мир и да не им вршите услуги постојано на сите. Наместо тоа, направете си услуга самите на себе.

Денес, стишете го вашиот ум и ослободете се од работите што не можете да ги контролирате. Држете се до она што го имате и впивајте го секој радосен момент во животот. Но, немојте да се држите до она што не е повеќе ваше, бидејќи тоа ќе ве направи слаби.

Денес, покажете си себеси дека сте моќни и прекрасни. Покажете си дека сте целосни и исполнети. Покажете си дека сте хаотични и грешни, но тоа не значи дека не заслужувате убав живот.

Денес, не заборавајте да бидете смирени. Вдишете ја убавината околу вас и ослободете се од она што не можете да го поправите, излечите или промените. Денес, сетете се дека сѐ ќе биде во ред. Утрото што доаѓа е свежо, храбро и ново.

Доколку ви се допадна оваа мантра, прочитајте ги и следниве мотивациски пораки за поубав ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар