Маникир во согласност со заштитната обвивка на вашиот смартфон
Да, и тоа стана тренд. Како вашите нокти „лежат“ на обвивката на вашиот телефон е хит моден тренд. Со оглед на тоа дека обвивките ги има во секакви дизајни и тие веќе не се само заштитен додаток за мобилните телефони, туку и моден додаток на нашиот целокупен изглед, ова и не е толку чуден тренд. Згора на тоа, вашите прсти се често на вашиот смартфон, додека пишувате пораки, поставувате статуси на Фејсбук и твитате. Па зошто тогаш да не оставите впечаток со моќната комбинација која ја прават вашите нокти и обвивката на вашиот смартфон!?
Нанесете црни делови врз розово-црвената основа на вашите нокти за да одговара на кривулесто напишаните букви на оваа обвивка.На обвивка во пруги со јаки бои, контрирајте со маникир во спротивна светла боја.За ваква „скапоцена“ обвивка ви треба една од јаките бои која е застапена во дизајнот како основа и светкави камчиња на врвот кои можете да ги нанесете со чепкалка за заби и малку лепило за нокти.Изберете лак во боја како некоја од боите на сјајната обвивка за вашиот мобилен.Направете француски маникир со бел лак и морнарско сини врвови за да ви одговара со оваа сино-бела обвивка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.