Маникир: Колоритни зраци

Маникир: Колоритни зраци

Искусувањето на есента по топлото лето може да биде депресивно. Она што може да ви помогне и со сигурност да ја разбие монотонијата на есента е маникирот. Дајте им живот на вашите нокти со овој интересен маникир.

Потребно:
  • 3 различни нијанси лакови за нокти по ваш избор
  • Црн лак за нокти (или друга темна нијанса)
  • Самолепливи ленти за маникир (што е можно потенки)

Маникир: Колоритни зраци

Најпрво излакирајте ги вашите нокти со трите лакови кои сте ги одбрале (од секој по една лента како што е прикажано на сликата). Доколку не сакате шаренило и го преферирате едноставното, тогаш излакирајте ги ноктите во една боја.

Почекајте добро да се исушат, па врз ноктите залепете ги тенките ленти. Пожелно е лентите да излегуваат надвор од ноктот за полесно да ги одлепите подоцна. Залепете ги по ваш избор за да формирате различни форми од шарените зраци.

По целата површина на ноктите нанесете црн лак, или друг по ваш избор. Целта е добро да ги покрие другите бои. Откако ќе се исушат ноктите внимателно одлепете ги лентите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар