Послужете се со мали трикови: Идеални корсети за 7 различни парчиња облека

Малите тајни зад совршената фигура: Идеални корсети за 7 различни парчиња облека

Можеби воопшто не сте ни размислувале дека со само неколку мали трикови и неколку минути можете целосно да ја дотерате вашата линија. Доколку се запрашувате како, уште веднаш ви откриеме дека станува збор за корсетите. Во продолжение погледнете кои видови корсети најдобро одговараат со одреден вид облека.

1-malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_

1. Пантолони со висок струк

За овој вид облека ќе ви биде потребен корсет кој досегнува скоро до градите. Со негова помош не треба да се грижите дали вашиот стомак „излегол“ над каишот, што често се случува кога се носат овој вид на пантолони.

2-1-malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_

2. Тесни фармерки

Корсетот со висок струк ќе го реши проблемот со „испаѓање“ на она што сакате да го сокриете во пределот на струкот и/или стомакот, но исто така, ниту вашата долна облека нема да се исцртува.

3-1-malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_

3. Фустани на преклоп

Овој модел на фустан стои добро на секоја градба на тело, но сепак, доколку сакате да изгледате повитко, послужете се со корсет со должина до половина на бутовите, но не ги прекрива градите. Никој не ги сака слепените гради, но затоа сите посакуваат рамен стомак. Исто така, моделот со подолги ногавици е идеален за покрупните дами, бидејќи нема да дозволи триење на бутовите.

4-1-malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_

4. Кратки фустани

Кратките тесни фустани бараат убави нозе, но и затегнат стомак и задник. Корсетот кој наликува на краток шорц ќе ви помогне сè да стои онака како што треба.

5--malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_

5. Молив здолниште

За да ви стои идеално овој вид на здолниште, треба да ја изберете идеалната големина, односно тоа мора да биде потполно тесно (исто како корсетот) и со соодветна должина. Сепак, за да ви изгледа совршено и да се чувствувате убаво во него, потребни ви се пар свилени хулахопки со гаќички кои ќе го држат горниот дел под контрола.

6-malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_

6. Тесни топови

Претесните топови бараат специјални градници. Сепак, за да не дојде до прекршување под градите, но и за тие да стојат како што треба, изберете продолжен градник или кратка верзија на потесна маица.

7-malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_

7. Фустани кои се стеснуваат во струкот

Фустаните кои се со тесен струк, односно потесен горен и поширок долен дел, најдобро ќе изгледаат доколку под нив облечете корсет во вид на боди. На тој начин, делот кој треба да се истакне ќе биде совршен, но и вие ќе се чувствувате подобро во боди отколку во редовната долна облека.

8-malite-tajni-zad-sovrshenata-figura-idealni-korseti-za-7-razlichni-parchinja-obleka-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар