Малите тајни на убавината на Клеопатра

Малите тајни на убавината на Клеопатра

Египетската владетелка Клеопатра се смета за една од најубавите жени на сите времиња. Без разлика дали ќе одлучите да одите во салон за убавина или да ги слушате советите стари над две илјади години, факт е дека во времето на Клеопатра немало неограничен избор на козметички производи, така што нејзината убавина е сведена само на производи засновани на природни состојки од растително или од животинско потекло. За својата нега, таа користела едноставни состојки што ви се достапни и вам, а во продолжение откријте ги нејзините мали тајни за убавина.

Малите тајни на убавината на Клеопатра

1. Магарешко млеко и мед

Клеопатра имала мазна и негувана кожа благодарение на хранливите купки направени од магарешко млеко и мед. Египќаните ја користеле оваа комбинација на состојки и за маски за лице. Денес, производите од магарешко млеко и самото млеко ви се достапни и вам, но и обичното млеко во купка со 5 големи лажици мед може да ви помогне.

2. Сол од Мртво Море

Мртвото Море се смета за најголемиот природен спа-центар во светот, а заради неговата исклучително голема количина на лековита сол, капењето во него им се препорачува на лицата со кожни заболувања. Клеопатра била свесна за овие лековити и хранливи својства и користела морска сол од Мртвото Море во својата рутина за убавина. Солта од Мртвото Море е достапна на пазарот, а ако не сте сигурни како да ја користите, обратете се во некој од многуте козметички салони што ја имаат во својата понуда. Еден начин е да се капете во сол од Мртвото Море, што ќе ја направи вашата кожа исклучително мека, свежа и мазна и ќе го опушти вашето тело.

3. Маска за лице од грозје и мед

Грозјето е познато како одличен антиоксидант, а денес има многу козметички производи што содржат масло од семки од грозје. Клеопатра совршено добро знаела дека грозјето е добро за лицето, па затоа често користела маска од грозје. Оваа маска може да ја направите сами: измешајте згмечено грозје со една лажица мед, нанесете ја смесата на лицето и оставете ја околу 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Ако Клеопатра можела да ги користи овие трикови, можете и вие.

4. Египетска депилација

Во повеќето салони за убавина, можете да закажете египетска депилација, која е помалку болна од останатите и го има истиот ефект при отстранувањето на влакната. Главната состојка на овој метод е шеќерната паста, која целосно ги отстранува влакната. Предноста на оваа депилација е во тоа што одговара на сите видови кожа, а природните состојки ја штитат кожата. Очигледно е дека Клеопатра знаела што прави затоа што нејзините рецепти опстојуваат илјадници години.

Прочитајте ги 3-те модни заповеди на Кејт Мидлтон чијшто стил е инспирација за жените ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар