Мали животни радости на кои престанавме да обрнуваме внимание
Во секојдневието кое е исполнето со стрес, заради многубројните обврски коишто треба да ги завршиме, мислиме дека имаме многу малку време, и тотално забораваме на оние мали, но многу важни животни радости кои ни ги разубавуваат лошите и сиви денови. За жал, луѓето престанаа да се радуваат на малите работи во животот, а кои вредат најмногу. Затоа ве потсетуваме на оние мали животни радости на кои често забораваме, а го прават нашиот живот посреќен и поисполнет.
Славете го петок! Секогаш постoи добра причина да се придржувате до овој ритуал.
Остварете ја целта која неодамна сте ја поставиле. Колку и да ви изгледа без врска, сигурно ќе ви го подобри расположението за тој ден.
Уживајте во сончевите денови! Ќе ги има сè повеќе, и затоа радувајте им се, бидејќи ништо не е поубаво од топол, сончев ден.
Фатете некого за рака. Тоа не мора да биде вашето момче или девојка, туку најдобрата другарка, сестра, мајка. Сигурно ќе се чувствувате многу подобро.
Најдете време за книгата која неодамна сте посакале да ја прочитате. Велат дека зборовите кои не се читаат со текот на времето ја губат убавината, па не го дозволувајте тоа.
Ценете кога некој ќе направи нешто убаво за вас без особен повод и немојте веднаш да ја барате „причината“ за таквото однесување. Не е сè така лошо во денешните луѓе.
Посветете 10 минути од своето време за вежбање. Ова е добар начин за да се активирате, да го ослободите своето тело од насобраниот стрес и да придонесете за вашето добро расположение.
Насмејте некого уште денес! И повторувајте го тоа секој нареден ден. Кој знае, можеби во нечија насмевка ќе го пронајдете вашиот изгубен рај.
Развивајте ја вашата креативност и уживајте во неа. Секој ден е нова прилика за да бидете покреативни од претходниот и тоа никако немојте да го пропуштате.
Бидете среќни кога ќе научите нешто ново. Има многу причини за тоа, зар не?
Уживајте во прекрасните моменти кои ги поминувате со вашето семејство. Да, вашето семејство може да биде бучно, досадно, понекогаш и напорно. Но, членовите на семејството се оние без кои не можете да поминете ниту еден ден.
Фантазирајте за сè и уживајте во тоа. Не дозволувајте кој било или што било да ви го одземе тоа драгоцено време поминато во фантазирање.
Сетете се на убавите моменти од минатото. Иако многумина ќе ви кажат дека треба да живеете во сегашноста и да размислувате за иднината, убаво е повремено да се присетувате на моментите од минатото кои ви донеле многу радости во животот.
Денес џентлмените се ретки, па затоа уживајте во моментот кога некој маж ќе ви ја отвори вратата, каде било. Тоа се мали моменти кои може да ви го поправат целиот ден. Ако сте маж, направете го ова за жена.
Постои нешто волшебно во преубавата насмевка на некој непознат, па затоа уживајте во неа.
Ако, додека шетате низ град, наидете на деца кои си играат, не поминувајте покрај нив како да не постојат туку дозволете си да се вратите во своето детство и да се сетите како вие сте играле додека сте биле деца. Скокнете двапати на ластикот, вклучете се во нивниот муабет за размена на сликички, зашутирајте ја топката која случајно застранила накај вас…
Додека на радио ја слушате песната која ја сакате, не срамете се да станете и да заиграте, макар и да сте на улица. Па што ако некој ве види? Сигурно и нему ќе му го разубавите денот.
Играјте ги игрите што сте ги играле како дете. Сигурно ќе ве насмеат и за момент ќе ве вратат во времето кога сте биле безгрижни.
Напишете вистинско писмо. Сигурно не сте заборавиле како тоа се прави, а може и да ги најдете оние кои што сте ги пишувале и повторно да ги читате. Ќе се чувствувате преубаво. Ви текнува на Драго непознато другарче…?