Мали трикови, голема промена: Како да изгледате одлично и без шминка?
Природниот изглед без шминка во последно време е особено популарен, а сѐ започна кога Алиша Кис се одлучи за еден драстичен чекор – ја исфрли целата шминка засекогаш. Пејачката одеднаш престана да се шминка и со гордост почна да ја покажува својата кожа, без разлика каква е, а жените ширум светот со воодушевување ја поддржаа. Малку подоцна и модните куќи за потребите на своите ревии почнаа да го промовираат овој изглед, правејќи го трендот уште помоќен.
Сепак, да не користите шминка е прилично предизвикувачки. Дали сте доволно самоуверени да ги покажете подочниците, новите акни или белезите од истите? Дали сте доволно самоуверени да покажете по некоја брчка или проширена пора? Трикот се крие во самоувереноста. Сепак, за да изгледате беспрекорно и кога ќе ја исфрлите шминката од вашата рутина, обидете се да ја искористите помошта на овие трикови.
1. Кога нема да се шминкате, веѓите доаѓаат во прв план. Токму затоа тие треба да изгледаат совршено, како под конец. Погрижете се за нивниот облик, како и за бојата (треба да се сложуваат со бојата на вашата коса), и редовно одржувајте ги. Доколку имате проблем со бушави веѓи, обидете се да ги скротите со гел за обликување. Патем, тоа не е шминка!
2. Секако, и очите се важни. Извиткајте ги трепките за да го истакнете вашиот поглед, а можете да нанесете и проѕирен гел, поточно прајмер кој ќе ги зацврсти во тој облик. Ако имате подочници, постојат шанси да сте ненаспани или пак, да имате недостиг на железо или витамин Б. Кремите за подочници исто така ќе ви помогнат вашиот поглед да биде беспрекорен.
3. Смејте се секогаш! Не само што ќе изгледате поубаво, туку и психички ќе се почувствувате подобро. А што е важно за убавата насмевка? Убави, здрави и бели заби! Не ви е потребен кармин, туку само паста за избелување. Освен тоа, негувајте ги вашите усни, така што барем еднаш неделно ќе направите пилинг или едноставно измасирајте ги со четка за заби. Со мала количина балсам за усни, тие ќе изгледаат убаво и негувано.
4. Исто така, секогаш негувајте ја вашата коса! Изберете боја која одговара на вашиот тен, редовно скратувајте ја и негувајте ја со соодветните препарати. Убавата, разлетаната и здрава коса во голема мера допринесува за вашиот целокупен изглед.
5. Кога не се шминкате, секако дека вашата кожа е во прв план. Таа треба да биде доста негувана, поточно да користите соодветни креми, но и да практикувате правилна исхрана. Немојте да го чистите вашето лице повеќе од два пати дневно, но и немојте да користите премногу препарати. Наутро е доволно да користите лесен лосион, а навечер, на крајот од денот, слободно употребете нешто појако, само немојте да претерувате со триењето и пилингот. Овошјето, зеленчукот, житарките, здравите масти и многуте течности допринесуваат за убавината на кожата. Спијте доволно, но практикувајте и физичка активност.
6. И за крај, пронајдете ја бојата на облеката која ќе ја носите. Иако луѓето велат дека црната боја прави да изгледате бледо, можеби вам токму таа подобро ви прилега. Експериментирајте со боите и пронајдете ја она која најмногу ви стои.