Мали, слатки задоволства кои ја прават секоја врска неодоливо привлечна

Мали, слатки задоволства кои ја прават секоја врска неодоливо привлечна

Убавината на секоја врска се состои во оние мали слатки задоволства кои парот свесно или не си ги дозволува во текот на секој ден. Дали е тоа некој ритуал со кој редовно ви започнува утрото или силна прегратка кога партнерот тоа најмалку го очекува, овие ситници ја разубавуваат врската и ви даваат чувство на среќа и сигурност. А бидејќи на секоја врска ѝ се потребни овие незаменливи состојки, следниве неколку можат да ви дадат некоја идеја за тоа кое мало слатко задоволство би можело да биде ваше.

(8)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mk

Споделувате храна

Нема ништо поубаво кога нарачувате 2-3 сосема различни јадења и потоа и двајцата уживате заедно во нивниот вкус. Уште и ако притоа се храните еден со друг, е тогаш задоволството е уште поголемо.

(1)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mk

Се испреплетувате еден во друг пред да ги отворите очите наутро

Не постои човек кој ужива во утринското будење. Но колку е тоа поубаво кога наместо алармот на телефонот, ќе ве разбуди саканата личност која ги испреплетува нејзините нозе со вашите, а со рацете ве обвива околу половината? Тоа се сигурно најслатките 15 минути будење.

(2)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mk

Гледате некое шоу кое ви се допаѓа и на двајцата

Бидејќи во принцип машките сакаат да гледаат спорт, а женските филмови, неверојатно е убаво кога сепак ќе најдете некое шоу или серија во кое и двајцата уживате. Силна прегратка, пуканки и многу, многу љубов додека стуткани седите пред телевизорот.

(3)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mk

Се смеете на меѓусебните глупости

Една работа која е неверојатно привлечна во врската е способноста да бидете тие што сте без да се срамите да се покажете пред партнерот во вистинско светло. Тоа ви дава неверојатно чувство на слобода и уживање, па не е воопшто чудно кога едниот ќе тресне некоја глупост, а другиот слатко ќе се изнасмее.

Purchase this image at http://www.stocksy.com/72317

Се поттикнувате себеси да бидете подобри

Поддршката од партнерот е многу важна и неопходна. Затоа кога сте тажни и разочарани од некој ваш неуспех или едноставно нешто не ви оди од рака, поттикнувањето на уникатен и единствен за вас двајца начин ќе ви влее доза самодоверба и повторно ќе ве натера да верувате дека сѐ е можно.

(5)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mk

Си подарувате подароци кои самите ги правите

Секој може да купи подарок, но ретко кој навистина може да се внесе во целата работа и да направи самиот нешто што знае дека ќе го израдува партнерот. Најубавото тука е што воопшто не ви се потребни повод ни длабок џеб за да ѝ приредите мало, но привлечно изненадување на саканата личност.

CB7601-001

Тој прави ручек/таа гледа фудбал со него

Оваа или која било друга комбинација на оние навидум не толку значајни моменти, како на пример тој ги мие садовите, а таа му помага во поправање на колата, ја прават врската неодоливо неодолива. Моменти како тие кога таа ќе фрли поглед накај кујната и ќе го види со престилка на себе објаснувајќи ѝ дека навистина ужива во тоа што го прави или кога тој ќе ја види целата извалкана обидувајќи се да ја пронајде вистинската алатка во купот за неа исти алатки, се фантастично бесценети моменти.

(7)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mk

Си делите комплименти

Иако некои го сметаат ова за непотребно во врската, никој не може да го побие фактот дека чувството е преубаво кога партнерот ќе ви каже колку сте убави или згодни или неверојатни. Реалноста знае да биде премногу сурова, па секое бегство од неа со мал знак на внимание и убав збор ја прави полесна за живеење. Комплиментите се секогаш добредојдени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар