Мали работи поради кои тој ве сака уште повеќе

Мали работи поради кои тој ве сака уште повеќе

Во врска сте некое време и веќе почнавте да си го кажувате еден на друг големото „те сакам“ секогаш кога ќе се видите, кога ќе завршите со телефонскиот разговор или кога треба да се разделите. Љубовта е обострана и на двајцата ви е сосема јасно кои се главните причини поради кои таа се родила. Меѓутоа, постојат некои мали работи кои прават тој секој пат одново да се вљубува во вас, а вие не сте ни свесни за тоа. Неговата љубов кон вас станува посилна секогаш кога:

Мали работи поради кои тој ве сака уште повеќе

Ќе го насмеете

Сигурно сте ја чуле изреката „Ако можеш да ја натераш девојката да се насмее, можеш да ја натераш на што било друго.“ Истото се однесува и за машкиот пол. Мажите обожаваат девојки со добра смисла за хумор со кои можат да се смеат за секакви глупости (кои во реалноста можеби и не се толку смешни). Ако забележувате дека тој секогаш се смее на вашите шеги (дури и на оние глупавите), бидете сигурни дека се чувствува опуштено и целосно ужива во вашето друштво.

Ќе заспиете на неговото рамо

Сликата како мирно спиете во неговата прегратка нему му е неодолива. Ова е еден од ретките моменти кога тој се чувствува разнежното и целосно разоружано. Можеби вие не обрнувате многу внимание на овој момент, но верувајте дека тој за него е еден од најинтимните бидејќи ве чувствува особено блиски.

Ќе му го вратите дуксерот

Еден од најромантичните моменти според сите филмови е кога на девојката ѝ е ладно и момчето ќе ѝ го позајми неговото палто. Ова не е толку необично сценарио во секојдневниот живот. Сте седеле на клупа во парк, станало посвежо и тој ви го дал дуксерот. Ништо посебно. Но, кога ќе го вратите, ова парче облека ќе го има вашиот мирис и тој засекогаш ќе остане запаметен по вас, со што ќе му стане особено посебен и драг.

Ќе се разбуди до вас и ќе сфати колку е среќен што ве има

Ова го прави многу почесто отколку што мислите. Бидете сигурни дека се случило безброј пати да се разбуди пред вас и само вљубено да ве гледа некое време, без вие воопшто да забележите. Потоа, се враќа на спиење, вие се будите и му се лутите што дозволил да се успиете.

Ќе поминете цел ден во кревет

Ова е одлучувачкиот момент! Ако поминете 24 часа заедно без да правите ништо особено, а сепак да не ви стане здодевно, нема сомнеж дека тоа е она вистинското. Во овој момент вие од „нешто како пар“ еволуирате во вистинска вљубена двојка. Тогаш може за прв пат да сфати дека е всушност вљубен во вас.

Нема да се видите подолг период

Тогаш кога за прв пат ќе дојдете во ситуација да не се видите цела недела, ќе видите колку се силни чувствата што ги имате еден кон друг. Тоа што нема да ве види подолго време, ќе го натера да сфати колку нему му е потребно вашето присуство и колку му е поубаво кога е со вас.

Ќе го изненадите со нови техники во кревет

Тоа значи дека вие се трудите и сакате целосно да го задоволите, што верувајте тој и тоа како ќе го цени. Ако внесете нешто ново или макар само преземете иницијатива, ќе ја разгорите страста во врската и тој уште повеќе ќе почне да гори од желба по вас кога нема да бидете заедно.

Ќе бидете тука за него кога најмногу му требате

Сите имаме периоди кога ни е тешко и не се чувствуваме баш најдобро, без разлика дали постои вистинска причина за тоа или не. Со оглед на тоа што на мажите им е многу потешко да ги искажуваат своите емоции, ако тој ви го довери неговиот проблем и вие му пружите целосна поддршка и утеха, несомнено е дека ќе сака да ве задржи засекогаш. Особено ако покажете интерес дури и кога не можете целосно да го разберете. Без разлика што не можете никако да му помогнете, нему му е доволно само сознанието дека може да се потпре на вас.

Мали работи поради кои тој ве сака уште повеќе

Ќе се скарате жестоко

Секој пар евентуално доаѓа до моментот кога навистина мора да вложи труд за да успее врската, а тоа најчесто се случува по првата голема караница. Можеби самата караница не е многу забавна и интересна, но неминовно е да се случи за да бидете сигурни дека и двајцата сте спремни да се борите за врската и да направите сè што е потребно за да ја одржите во живот.

Ќе имате еден од оние совршени љубовни денови

Овој ден е различен за секој, но сите парови ги имале оние денови кога коцките совршено се вклопиле и си поминале лудо и незаборавно заедно. Без разлика дали станува збор за пешачење во природа, пијачка во бар или филмски маратон. Ова се тие денови на кои тој се потсетува секогаш кога ќе го изнервирате.

Секогаш кога нема да ви оди баш најсјајно во врската и ќе почнете да се сомневате во неговите чувства, сетете се на овие неколку ситници. Честопати ја занемаруваме вредноста на малите работи и забораваме дека тие всушност ја сочинуваат големината на нештата. Ценете ги убавите моменти во врската и негувајте ја како кревко цвеќе на кое му е потребна љубов за да расцути и да стане вечно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар