Мали работи кои прават голема разлика во животот

Мали работи кои прават голема разлика во животот

Работите кои прават најголема разлика во секојдневниот живот се всушност оние мали прилагодувања на ситуациите. Постојат мали работи кои можете да ги правите секој ден, а кои ќе внесат значителни промени во вашето здравје и среќа. Тие ќе направат да се чувствувате исполнети и задоволни што сте направиле некаква промена без разлика колку сте зафатени или изморени. Доколку сакате да го промените вашиот живот на подобро, но не сте подготвени да се посветите на нешто што ќе бара многу време, како што е курсот по јога на пример, постојат некои мали работи кои ќе ви одземат помалку од минута, а толку се моќни што ќе го променат целиот ваш живот. Во продолжение прочитајте кои се тие…

Мали работи кои прават голема разлика во животот

Местете си го креветот

Доколку си го местите креветот секое утро, додека да излезете и продолжите со денот вие веќе ќе имате нешто постигнато. Без оглед на тоа како ќе се одвиваат вашите наредни обврски, кога ќе се вратите дома секогаш ќе ве чека тој мал успех со кој сте го започнале денот. Ова е многу едноставна, но влијателна утринска навика.

Измијте ги садовите навечер

Без оглед на сѐ, направете напор вашиот мијалник да не биде полн со садови пред да си легнете. Тоа значи дека секогаш кога ќе се разбудите, ќе ве дочека средена и чиста кујна што значително ќе го промени начинот на кој ќе се одвива вашиот ден.

Враќајте ги работите на место

Многу е важно да ги враќате работите на своето место откако сте завршиле со нив, без разлика дали сте дома или на работа. Ако го правите само првиот дел, односно само ги земате работите, а не стигнувате до вториот, односно не ги враќате, со сигурност ќе завршите во хаос. Запаметете дека потребна ви е само една минута да го вратите предметот на место, но ако ви се насоберат еден куп предмети кои цела недела само сте ги користеле а не сте ги враќале, средувањето може да ви одземе цел час.

Слушајте брзи песни

Брзите песни можат да ви го подобрат расположението. Но, многу е важно при слушањето да не размислувате премногу и да не се прашувате постојано: „Сега среќен/на сум?“. Едноставно опуштете се и дозволете си да уживате во искуството. Не двоумете се дали да пуштите гласна музика кога не сте баш расположени.

Мали работи кои прават голема разлика во животот

Запалете мирислива свеќа

Според едно истражување од 2009 година, тинејџерите кои примале ароматерапија биле под значително помал стрес за разлика од оние кои примиле плацебо, што покажува дека оваа терапија може да е многу корисна кога станува збор за справување со стресот.

Дишете

Дишењето е еден од најбрзите и најефикасни начини да го смирите вашиот систем и да го намалите стресот. Обидете се да вдишувате 4 секунди, да го држите воздухот 7 секунди и да издишувате 8 секунди.

Бидете благодарни

Ако секој ден одвојувате по некоја минута за да размислите зошто сте среќни, значително ќе го зголемите вашето чувство на среќа. Помислете на работите за кои сте благодарни секогаш кога ќе се разбудите или пред да си легнете, без оглед на тоа како ви поминал денот.

Гледајте смешно видео

Смеењето го зголемува нивото на допамин во мозокот, односно органската хемикалија што го подигнува расположението. Не чекајте, туку веднаш погледнете некое видео кое секогаш може да ве насмее и започнете го денот со позитивни мисли.

Мали работи кои прават голема разлика во животот

Направете си листа со обврски пред да си легнете

Најголемата причина зошто луѓето не можат да заспијат е тоа што цело време размислуваат за сите грижи и обврски што ги чекаат наредниот ден. Одвојте време пред спиење да ги запишете тие грижи или едноставно направете листа на обврски. На тој начин ќе можете да ги пречкртувате задачите кои сте ги завршиле пред спиење, а тоа ќе ви донесе чувство на неверојатна исполнетост.

Пијте вода пред да се напиете пијалак со кофеин

Пред секој кофеински пијалак напијте се чаша вода. Диуретичниот ефект на кофеинот го зголемува исфрлањето на урина и на тој начин колку повеќе испиете за кратко време, толку повеќе вода ќе изгубите.

Долготрајните, значајни промени не бараат огромен напор од ваша страна. Постојат толку многу работи кои ќе ви одземат помалку од минута, а значително ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот. Започнете уште веднаш и ќе ја почувствувате разликата за многу кратко време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар