Мали нешта што можат дополнително да ги подобрат односите со вашиот партнер

Мали нешта што можат дополнително да ги подобрат односите со вашиот партнер

Минатата година влијаеше на многу аспекти од нашите животи, претежно на односите со другите луѓе. Стресот, губењето на работата, финансиските проблеми и работата од дома се само некои од нештата што ги нарушија меѓучовечките односи, а особено оние со партнерите.

Мали нешта што можат дополнително да ги подобрат односите со вашиот партнер

Прашајте го вашиот партнер дали можете да направите нешто за да се чувствува подобро и повторно да ви се приближи. Ако сте во врска долго време, голема е веројатноста дека веќе точно знаете што може да го направи вашиот партнер среќен и релаксиран. Имајте на ум дека дури и малите знаци на внимание можат да направат голема разлика. Разговарајте со вашиот партнер, направете список на работи што можете да ги правите еден за друг и фокусирајте се редовно да го правите тоа.

Запомнете дека грижата за себе е исто така многу важна. Дружете се со пријателите, шетајте, читајте книги и гледајте филмови. Многу е важно да си дадете простор себеси, а и на вашиот партнер и да продолжите да растете надвор од вашата врска.

Важно е да одвоите време за да имате квалитетен разговор и да се дружите со вашиот партнер. Во такви моменти, оставете ги мобилниот телефон и лаптопот, исклучете го телевизорот и уживајте во времето што го поминувате заедно. Фокусирајте се на она што го зборува вашиот партнер и внимателно слушајте. Вакви работи можете да правите еднаш неделно. Зборувајте за она што се случува во вашите животи, за работите што ги окупираат вашите мисли и за луѓето со кои се дружите и работите.

Не заборавајте да кажете „благодарам“, „те сакам“ или да го прегрнете вашиот партнер, дури и ако немате посебна причина за тоа. Ваквите работи дополнително ќе ја зајакнат вашата врска.

Прочитајте и каков љубовник сте според месецот на раѓање?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар