Мали модни лекции: 5 стилски грешки кои ги правиме кога носиме тесни фармерки
На врвот на омилените женски модели на фармерки се наоѓаат тесните, прилепени фармерки. Дали знаевте кои се најчестите грешки кои ги правиме додека ги носиме? Сега е време да ги дознаете и никогаш повеќе да не ги повторите.
1. Избегнувате модели кои не се целосно прилепени за нозете
Многу жени мислат дека тесните фармерки би требало да бидат како втора кожа, па не сакаат да носат модели кои не се целосно прилепени за ногата. Секако, тоа воопшто не е недостаток и не мора да избегнувате модели кои ви изгледаат сјајно и кои сосема ви прилегаат во струкот и колковите, но на долниот дел од телото не се совршени. Истото важи и за моделите кои се малку пошироки во горниот дел – зауздете ги со каиш со масивно копче.
2. Се обидувате со сила да ги ставите во претесните чизми
Ако почувствувате дека во чизмите едноставно нема место за фармерките, не го форсирајте нивното носење. Фармерките ќе се наберат над работ од чизмите и на колената, па ќе создадете непосакуван ефект. Наместо тесни чизми одлучете се за пошироки модели со кои без проблем ќе можете да ги комбинирате вашите омилени тесни фармерки.
3. Избегнувате пократки модели
Кога сакате да комбинирате тесни фармерки со високи потпетици, слободно изберете пократок модел кој ќе ги открива вашите глуждови. На тој начин визуелно ќе ги издолжите вашите нозе.
4. Се плашите да излезете од рамката на конвенционалното носење фармерки
Немојте да го заборавите фактот дека тесните, прилепени фармерки се идеални за интересни модни игри. Модерните девојки со нив сакаат да комбинираат и здолниште или фустан, па така создаваат ефективни модни комбинации. Помина времето кога фармерките ги комбиниравме само со обилна блуза или џемпер, па слободно пуштете ја вашата фантазија и разиграјте се додека ги осмислувате модните комбинации во текот на наредните денови.
5. Ги комбинирате чизмите до глуждови со предолги фармерки
Во комбинација со чизми до глуждови треба да се вклучат модели на тесни фармерки кои малку го допираат врвот на обувките. Заради тоа, додека купувате фармерки отидете во чизми до глуждови и проверете дали моделот кој ви се допаѓа густо се набира над врвот од обувките или пак убаво се совпаѓа со чизмите.
Наскоро ни пристигнува зимата, но тоа не значи дека треба да се откажете од вашите омилени фармерки. Погледнете ги овие зимски модни комбинации со фармерки за шик и модерен изглед.