Мали и убави моменти во љубовните врски
Иако итаме кон големите нешта во животот и спектакуларните моменти, свесни сме дека малите нешта го прават животот убав. Ова се дел од најубавите мали и слатки моменти спакувани во незаборавни мигови кои ќе ве потсетат колку го/ја сакате вашиот/ата партнер/ка.
1. Ненадеен и неочекуван бакнеж.
2. Утринските бакнежи и гушкања во кревет, иако знаете дека малку ќе доцните на работа.
3. Кога ќе станете наутро, а на масата веќе ве чека подготвен појадок.
4. Две топли шолји кафе во кревет.
5. Кога ќе гледате заеднички слики и снимки од вашите одмори и излегувања.
6. Кога седите еден до друг и молчите, а никогаш не сте се чувствувале попријатно.
7. Кога сте се разделиле само пред половина час и добивате порака дека му/ѝ недостигате.
8. Кога на најобичен ден, најнеочекувано ви подготвува слатко мало изненадување и веќе денот не е обичен.
9. Кога ви е тешко и кога ќе ве гушне.
10. Кога синхронизирано ќе кажете или направите нешто.
11. Она кога сте на здодевен состанок и одеднаш слатко се насмевнувате кога ќе се сетите на некој убав момент од претходниот ден.
12. Кога ќе почне да готви оброци базирани на вашите омилени состојки, избегнувајќи ги оние кои не ги сакате.
13. Кога дава сè од себе да ве задоволи и да ви покаже колку ве сака.
14. Кога го препознавате неговиот/нејзиниот мирис на вашата постелнина.
15. Она кога ве гледа во очи и ви кажува кои се вашите прекрасни карактеристики поради кои ве сака.
16. Кога гледате фудбал заедно и навивате за истиот тим.
17. Малите и слатки подароци како знак на внимание.
18. Кога работите на тежок проект/дипломска/семинарска, и не излегувате од дома, па доаѓа да ве посети носејќи ви го омиленото јадење.
19. На крајот на напорен ден, помислата дека имате некого со кого делите сè.
Слободно надополнете ја листата со уште слатки и романтични моменти.
Играње видео игрици заедно еден против друг
Кога чекате да се запали семафорот во кола и се бакнувате 🙂