Магична поврзаност: Плодови кои личат на органите на кои добро делуваат

Магична поврзаност: Плодови кои личат на органите на кои добро делуваат

Силата на природата е навистина неверојатна. Познато ни е кои плодови за што се добри, но понекогаш нивната лековитост е толку очигледна што е дури и забавна. Еве неколку такви одлични примери.

Домати – срце

Доматот многу потсетува на човековото срце, особено ако се погледнете пресечен на половина. Тој има комори и црвена боја, исто како срцето. Според истражувањата, доматите со богати со железо и калиум, па затоа се одлични за крвта и срцето.

1-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

Орев – мозок

Ореовото јадро многу очигледно наликува на мозокот. Има лева и десна хемисфера, а наборите изгледаат како мозочните бразди. Општо е познато дека оревот создава невронски преносители за функцијата на мозокот.

Model of a human brain

Целер – коски

Целерот личи на коските и навистина влијае на нивната цврстина. Коските содржат 23% натриум, како и овој вид храна. Доколку не конзумирате доволно натриум преку храната, вашиот организам ќе го црпи од коските кои пак тогаш ослабуваат. Затоа, навалете му на целерот.

3-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

Авокадо – матка

Секоја жена треба да го има ова на ум. Авокадото, модриот патлиџан и крушките поволно делуваат на здравјето на матката, а на нејзе и наликуваат. Јадејќи по едно авокадо неделно, хормоните кај жената се урамнотежуваат и се спречува рак на матката и јајниците. Дополнително интересен факт е дека е потребно точно девет месеци за авокадото од цвет да созрее во плод.

4-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

Сладок компир – панкреас

Слаткиот компир многу наликува на човековиот панкреас, а делува така што го балансира шеќерот во крвта.

5-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

Морков – очи

Родителите секогаш ни велеле да јадеме моркови за да имаме подобар вид. И навистина морковот во пресек необично многу наликува на човековото око. Загледајте се во пресечено парче од морков и практично ќе ги видите зеницата, ирисот и зрачните линии во човечкото око.

6-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

Цитрон – дојки

Портокалите и цитрусните овошја  воопшто наликуваат на женските дојки и помагаат за движењето на лимфата низ нив, спречувајќи рак.

7-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

Ѓумбир – желудник

Ѓумбирот наликува на желудникот, а факт е дека ги ублажува неговите тегоби и надуеноста. Содржи ензими кои се одговорни за катализа на протеините во храната, кои помагаат во варењето и спречуваат грчеви, настанок на чир, оштетување на слузокожата итн.

8-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

Печурка – уво

Шампињон пресечен на половина многу наликува на човековото уво. Печурките го подобруваат слухот и се една од ретките намирници кои содржат витамин Д, кој е важен за здравјето на коските, дури и оние ситните кои се наоѓаат во увото.

9-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. gjoke Reply

    a pecurkata na so li4e ?

  2. Nikolce Reply

    Краставица, банана… зошто ги нема? 🙂

Остави коментар