Магична колекција венчаници за девојките што веруваат во самовили
Пристигна уште една неодолива приказна за самовили, раскажана низ моделите на дизејнаерката Сандра Хадад. Колекцијата наречена „Верувате ли во самовили?“ изгледа како да е извлечена од најубавите бајки. Сите модели се во препознатливиот стил на Сандра – романтични, нежни и женствени, а кроевите се едноставни и изразено елегантни. Тие се дизајнирани на тој начин совршено да лежат на секое женско тело. Во својата колекција Сандра опфатила сè – од романтични чипки до нежно розови тонови на венчаници со А-крој кои се најпопуларни меѓу модерните дами. Тие се богати со цветни дезени, панделки и врвки што ги прават уште поубави. Покрај моделите на венчаници, Сандра дизајнирала и неверојатни модни додатоци како цветни венчиња и бисерни шноли коишто совршено одговараат со секој модел од оваа бајковита колекција. Погледнете…
Продолжува на другата страница…