Магичен збор што може да го претвори сексот во незаборавно искуство
Едно неодамнешно истражување објавено од страна на Универзитетот во Индијана, ни открива дека мажите и жените можат да имаат многу поисполнето сексуално доживување ако воведат само една мала промена во нивниот сексуален живот. Станува збор за магичен збор кој е едноставен и ни се наоѓа на дофат на рака, а се советува да се користи постојано, особено за време на постресните момент бидејќи може да помогне при ослободување од сите нервози. Станува збор за: Романтика!
Научниците испитале 2.000 испитаници, поставувајќи им прашања за нивниот сексуален живот. Тие откриле дека без разлика на нивните желби и преференции, сите едногласно се сложиле дека со малку романтика, сексот е веднаш подобар. Интересно откритие, се согласувате? Не мора ни многу да се потрудите – малите романтични дела се оние што најмногу се ценат, особено ако доаѓаат од срце. Воопшто не треба да биде нешто за што треба многу труд или многу пари.
Професорката и главната авторка на истражувањето, Деби Харбеник, открила дека овие резултати воопшто не се неочекувани. Размислете и самите – колку повеќе се бакнувате, се галите или си шепкате романтични нешта на уво со партнерот, толку поблиско се чувствувате. Вие ја зајакнувате интимноста. Особено ако ја исполните просторијата со свеќи и цвеќиња, вие значително можете и да го подобрите вашето расположение и повеќе да уживате во односот.
Дознајте и што всушност е нормално во сексот, а што не.