Магичен сок за топење килограми што се пие само пред спиење
Сонот на секоја жена не е да го најде совршениот маж, туку да може да јаде сѐ што ќе посака без да се здебели. Секако дека станува збор за нереалистична желба со исклучок на неколкуте ретки среќнички чиј метаболизам работи со брзина на светлината.
Единственото трајно решение е здравата исхрана и редовното вежбање, но постои и еден „помошник“ кој може да ви го олесни процесот на слабеење. Станува збор за рецепт што содржи потполно природни и моќни состојки. Овој сок ја спречува храната што сте ја изеле во текот на денот да ви се „залепи“ во форма на масни наслаги.
Потребни состојки:
- 2 лажици сечкан магдонос
- 230 милилитри вода
- Малку цимет
- Малку јаболков оцет
- Лажичка мед
- Лажичка ѓумбир
- Сок од цеден лимон
Начин на подготовка:
Ставете ја водата да зоврие, додајте го магдоносот и оставете ја течноста да се олади. Процедете, па додајте ги и останатите состојки.
Пијте ја оваа напивка секоја вечер, еден час пред спиење во рок од 2 недели. Ако сакате да продолжите, направете пауза од 3 дена, па повторете го процесот. Со овој моќен рецепт несомнено е дека ќе ја добиете вашата фигура од соништата.